Актуелната политичка состојба, закочените европски интеграции и политичкиот дијалог во земјава биле теми на разговор на денешната средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, соопшти партиската прес-служба, јавува МИА.
Мицкоски изразил загриженост поради застојот во европските интеграции и недобивањето на датум за преговори. Мицкоски ги пренел и забелешките на предлог законот за обвинителство посочувајќи дека ниту еден криминал не смее да остане имун на правдата и дека на тој план не се потребни компромиси.
Во однос на европската перспектива на земјава, Мицкоски кажал дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека е потребно да се додели датум за преговори со Европската Унија што би било и дополнителен механизам за контрола на власта.