Комесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хан најави дека одлуката за визната либерализација за Косово ќе биде донесена многу наскоро и нагласи дека Европската комисија ќе го одржи ветувањето, јави дописникот на МИА од Приштина.
– Ќе го одржиме ветувањето и ќе ја донесеме одлуката пред летните одмори, изјави Хан за приштинската телевизија КТВ.
Изјавата Хан ја даде во Лондон, каде што учествува на Самитот на ЕУ и Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес.
Меѓу високите претставници на шесте земји од регионот, на самитот, од Косово, учествуваат премиерот Рамуш Харадинај и министерот за надворешни работи, Беџет Пацоли. (МИА)