• Latest

Хашкото одделение не е тоа што било, потребна е реконструкција на затворот

July 17, 2019

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Хашкото одделение не е тоа што било, потребна е реконструкција на затворот

July 17, 2019 13:26
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Условите во т.н. хашко одделение се далеку од називот кој им е даден, а кој алудира на некаква поголема комоција за притворениците, но сепак се подобри од останатите делови на Затворот Скопје, познат како Шутка, каде се наоѓа најголемото притворско одделение во Северна Македонија.

Ова за МИА го изјави директорот на затворот Есад Рахиќ, кој ни ја потврди веќе објавената информација дека првоосомничениот Бојан Јовановски, познат како Боки 13 во случајот „Рекет“ е сместен во една од хашките соби.

Рахиќ појаснува дека Јовановски пристигнал околу 1:30 часот изутрината на 16 јули по полноќ, било потребна брза реакција, направена е проценка од затворската управа и од безбедносни причини, имајќи го предвид профилот на личноста, било одлучено тој да биде сместен во една од „хашките соби“.

Има вкупно седум „хашки соби“, а во моментот на пристигнување на Јовановски три биле слободни. Второосомничениот во „Рекет“ Зоран Милески е сместен во друго одделение, а тоа исто така е проценка на командирите, заради безбедност на притворените, но и општо заради целокупна безбедност на затворот. Со Кичеец, Јовановски не може да биде во исто одделение заради поврзаност со делото.

Кога доаѓа, притвореник во затворот, како што појасни Рахиќ за МИА,  тој се сместува со друг притвореник, не е пракса да биде сместен сам.

Рахиќ нагласува дека извикана е тезата во јавноста дека станува збор за луксузно сместување.

-Собите се руинирани и потребна е реконструкција, нагласува Рахиќ и додава дека доколку надвор температурата е 40 степени во „хашките соби“ може да достигне до 40, поради тоа што немаат добра изолација.

Рахиќ во изјава за МИА вели потребна е реконструкција на неколку крила на затворот, во која не е исклучено и хашкото одделение, а се надева дека важноста од овој потфат ќе ја препознаат општествено одговорните компании.

Триесет нови вработувања најави Рахиќ, но и професионализација на целиот кадар, бидејќи како што рече условите во затворите во земјава мора под итно да се кренат на повисоко ниво.

Затворот Скопје, познат како Шутка според степенот на обезбедување, степенот на ограничување на слободата и видовите на третман што се применуваат кон осудените лица, Затворот Скопје е казнено-поправна установа од полуотворен вид во која основното обезбедување е физичкото што го остваруваат припадниците на секторот за обезбедување.

Казната тука ја издржуваат мажи осудени на казна затвор до три години, како и рецидивисти осудени со правосилна пресуда до шест месеци. Во Затворот Скопје се наоѓа најголемото и најобезбеденото притворско одделение во кое се извршува мерката притвор изречена кон машки и женски лица од целата територија на земјава, на кои им се заканува казна над десет години.  

Најалармантна е состојбата во озлогласеното притворско „В“ одделение, или меѓу затворската полиција попознато како „Ц“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ