• Latest

Хелсиншки комитет: Основниот граѓански суд утврди сегрегација на децата Роми во образовниот процес

August 6, 2024
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Хелсиншки комитет: Основниот граѓански суд утврди сегрегација на децата Роми во образовниот процес

Владата, МОН, ДПИ, Општина Битола и Општина Штип, наведува Хелсиншкиот комитет, не презеле мерки за десегрегација на учениците Роми во сегрегирани паралелки односно не презеле активности за нивно рамномерно и соодветно распоредување со другите етнички заедници во паралелките. Владата и трите министерства „пропуштиле да преземат дејствија за носење законски и подзаконски акти за детално уредување на начинот на категоризација на децата со посебни потреби, посебно децата Роми“.

August 6, 2024 15:05
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Основниот граѓански суд во Скопје утврдил дека Владата и три министерства – за образование и наука, за труд и социјална политика и за здравство, како и Државниот просветен инспекторат  и општините Битола и Штип, сториле дискриминација – сегрегација на децата Роми во образовниот процес. Хелсиншкиот комитет  за човекови права соопшти дека Судот ја донел пресудата по нивната тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес, поднесена на 1 февруари 2021 година.

Од сите доставени докази од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права како тужител, Судот утврдил дека „во конкретниот случај била сторена сегрегација на децата Роми во образовниот процес, на начинот на којшто биле формирани паралелките во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола и ООУ „Гоце Делчев“ во Штип, како и со несоодветно упатување на децата Роми во образовни установи кои се наменети за ученици со интелектуална попреченост“.

Хелсиншкиот комитет денеска информира дека, според судската пресуда, тужените страни ги дискриминирале децата Роми со тоа што не презеле активности за уредување на начинот на реонизација за да се избегне можна сегрегација и за непреземени дејствија за контрола на одлуките за реонизација што ги донеле двете општини за начинот на спроведување на одлуките за реонизација во пракса и за начинот на запишување на деца Роми во училиштата.

Владата, МОН, ДПИ, Општина Битола и Општина Штип, наведува Хелсиншкиот комитет, не презеле мерки за десегрегација на учениците Роми во сегрегирани паралелки односно не презеле активности за нивно рамномерно и соодветно распоредување со другите етнички заедници во паралелките. Владата и трите министерства „пропуштиле да преземат дејствија за носење законски и подзаконски акти за детално уредување на начинот на категоризација на децата со посебни потреби, посебно децата Роми“.

-Не презеле, односно пропуштиле да преземат дејствија за носење законски и подзаконски акти за детално уредување на составот на комисиите и процедурата за ревидирање на нивните одлуки; не презеле, односно пропуштиле да преземат дејствија за рекатегоризација на несоодветно категоризираните деца Роми кои учат во специјалните училишта. Владата, МОН, МТСП, МЗ, ДПИ, Општина Битола и Општина Штип со непреземање, односно пропуштање да преземат дејствија за едукација на сите чинители во образовниот систем и родителите на децата со цел полесно препознавање и борба против актите на дискриминација, информира Хелсиншкиот комитет.

Посочува дека Судот ги задолжил сите тужени органи да ги преземат сите потребни дејствија за десегрегација на децата Роми во образовниот систем и да ги преземат сите дејствија за рекатегоризација на децата Роми кои учат во специјалните училишта.

Во тужбата од Хелсиншкиот комитет се опишани голем број истражувања, извештаи и документи објавени во минатите години за сегрегацијата како форма на дискриминација врз децата Роми во образовниот процес, конкретно во општините Штип и Битола.

Клучниот проблем којшто Хелсиншкиот комитет за човекови права го лоцира од прибраните податоци е „системската дискриминација и сегрегацијата на децата Роми во образованието“.

Како што наведува, уште во 2009 година ја информирале јавноста за случај на сегрегација на етничките заедници во образовниот процес во Струга и ја повеле првата постапка пред Комисијата за заштита од дискриминација во врска со сегрегација на деца Роми во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, каде што во 2017 година укажале за постоење на сегрегирани паралелки на ученици Роми, за случај на говор на омраза и за графити со таква содржина на училишниот објект.

Во дописот до медиумите по повод пресудата, ХК го наведува и тоа што во 2010 година го утврдил Народниот правобранител – дека по инсистирање на нивните родители, за да не останат надвор од образовниот процес, децата Роми често се запишуваат во специјализирани училишта, и покрај тоа што немаат интелектуална попреченост.

-Лоциран е недостаток при категоризацијата на децата, бидејќи не се врши во соработка со тимот од училиштата каде се школуваат децата со попреченост, па потребна е правилна опсервација на децата од страна на стручен тим (психолог, социјален работник и дефектолог). Народниот правобранител дава јасна препорака за спречување на сегрегацијата на децата Роми со нивно упатување во посебни училишта за деца со попреченост и покрај фактот дека истите немаат интелектуална попреченост, а тоа е формирање посебна комисија за издавање на наод и мислење за попреченоста кај децата. Народниот правобранител дава препорака и за формирање комисија од повисок степен која ќе ги разгледува издадените првостепени наоди, наведува Хелсиншкиот Комитет.

Основниот граѓански суд оценил дека не само што Хелсиншкиот комитет со доставените докази го сторил веројатно тврдењето за сторена сегрегација врз децата Роми во образовниот процес, туку сторената сегрегација е утврдена и со конечна пресуда на Европскиот суд за човекови права, „при што Основниот граѓански суд Скопје при одлучувањето е должен да ги применува ставовите изречени во конечните пресуди на Европскиот суд“.

Судската постапка иницирана од Хелсиншкиот комитет за човекови права била водена во рамки на проектот „Поддршка на Северна Македонија во унапредување на владеењето на правото и човековите права”, кој Комитетот во 2020 година го спроведувал со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Во дописот до медиумите ХК посочува и дека тужбите за заштита од дискриминација од јавен интерес се новина во Законот за спречување и заштита од дискриминација, предвидени во членот 35 и дека здруженија, фондации, синдикати или други организации од граѓанското општество и неформални групи кои имаат оправдан интерес за заштита на интересите на одредена група или во рамките на својата дејност се занимаваат со заштита од дискриминација, можат да поднесат тужба ако направат веројатно дека со постапувањето на тужениот се дискриминирани поголем број лица.

фото: архива

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    173 shares
    Share 69 Tweet 43
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ