Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува вчерашниот инцидент во Тетово предизвикан од припадници на навивачката група ,,Балисти’’.
На објавените видеа од случувањата на тетовските улици на 4 ноември се слушаат песни и извици каде е забележан говор на омраза и повикување на насилство, по што следело и извршување на дело од омраза, односно фрлање со камења и шишиња врз кафуле полно со гости.
Хелсиншкиот комитет најави дека со посебно внимание ќе го следи разрешувањето на овој инцидент и ќе бара најстроги казни зa дела од омраза и говор на омраза, чија цел е предизвикување меѓуетнички тензии и насилство.
Б. Ј.