• Latest

ХЕРА за ЦивилМедиа: Стапката на малолетничка бременост во Македонија е една од највисоките во Европа

September 2, 2024
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Трамп и Зеленски по средбата во Белата куќа: Украински дронови за амаерикански „томахавк“

October 17, 2025
Фото: Скриншот CNBC

Трамп и Зеленски во Белата куќа: Будимпешта во фокусот, мирот во Украина на маса

October 17, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

„Америка на прво место“ станува „Трамп на прво место“ – кога претседателот сака глобална моќ

October 17, 2025

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 17, 2025
Фото: Собрание

Гаши на средба до набљудувачите од ЕП: Уверен сум дека изборите ќе покажат демократска зрелост на земјата

October 17, 2025

Одобрен обвинителниот акт против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

October 17, 2025

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден

October 17, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

October 17, 2025

EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

October 17, 2025

Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

October 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ХЕРА за ЦивилМедиа: Стапката на малолетничка бременост во Македонија е една од највисоките во Европа

September 2, 2024 15:03
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Стапката на непланирана бременост кај малолетните девојки во Македонија е една од највисоките во Европа и таа изнесува 11%. Стапката на малолетнички породувања пак е 15,7 на 1.000, што е речиси трипати повеќе од просекот од 6 на 1.000 породувања за земјите од Европската Унија, вели Весна Матевска од ХЕРА за ЦивилМедиа.

Матовска додава дека во во изминатава година немаат добиено пријава за присилен брак.

„Присилните бракови се форма на родово засновано насилство и тоа задолжително значи пријавување на сторител и давање на поддршка на жртвата. ХЕРА преку своите сервиси, особено преку Прв семеен центар (ПСЦ), дава поддршка во делот на придружба на жртвата до МВР и Центар за социјална работа за пријавување на случајот, како и советувалишни услуги (советување со психолог и терапевти за жртвата)“, вели таа.

Матовска потенцира дека иако не постои најдобра возраст за забременување, сепак малолетничката бременост несомнено претставува проблем за секоја девојка, кој носи различни психолошки и социјални ризици.

„Напуштање на образовниот процес кој понатака значи и ускратување на можноста за соодветно вклучување на пазарот на трудот, неподговтеност на телото за носење на бременоста и за процесот на породување (поголеми компликации и ризици за животот на плодот и мајката има во случаите на малолентичките бремености), како и предизвици во процесот на одгледување на новороденото (дете треба да чува дете). Дополнително малолетничките и присилните бракови се форми на родово – засновано насилство кои се закана за растот и развојот на секоја млада девојка. Би ја спомнала и социјалната исклученост поради силната стигма типична за оваа ситуација, што несомнено влијае на психичкото здравје. Од друга страна, кога бременоста е непланирана, особено кај малолетни девојки, многу е веројатно да предизвика чувство на неизвесност, неподготвеност, исплашеност. Токму затоа е потребна континуирана поддршка и цел систем на превенирање на вакви состојби“, истакна таа.

Матовска нагласи дека младите треба да имаат пристап до точни и проверени информации, едукација, слободни и отворени разговори на сите теми кои се најефикасното решение за вакви проблеми затоа што придонесуваат кон превенцијата на непланираната / малолетничката бременост. Задолжително да се обезбедат и достапни услуги за сексуално и репродуктивно здравје. Информации за контрацепција, но и достапна контрацепција (бесплатна за млади и социјално исклучени категории).

ХЕРА од своите почетоци работи на воведувањето на сексуалното образование во училиштата во соработка со клучните институции како и Бирото за образование. Правени се анализи и истражувања, се работеше на подготовка на материјали и градење на капацитети на наставници и родители, целиот процес е согласно нашиот контекст и препораките на Стандардите и препораките  на СЗО, УНЕСКО и УНИЦЕФ.

ХЕРА уште од 2005 година, преку директните сервиси Сакам да знам во Шуто Оризари и Водно работи на подигнување на свеста за планирање на семејство и превенција од малолетнички бремености. Освен нудење на бесплатна контрацепција (кондоми, орална контрацепција/ пилули и спирали) и бесплатни тестови за бременост, се даваат и бесплатни советувања, консултации и едукации со гинеколог за младите, но и за семејтвото, родители/ старатели на малолетните лица.

„Едукацијата е заначајно да биде обезбедена во континуитет и низ годиниве сме присутни и достапни за сите млади лица преку нашите директни сервиси Сакам да знам, но и преку организирање на работилници во соработка и партнерство и со училишта и други локални организации“, вели таа.

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ