• Latest
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Хипокризија

August 9, 2026 13:25
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Оливер Андонов

На Илинден годинава, но и деновите потоа, можевме да ја видиме целата хипокризија на власта, но и односот на македонските граѓани, пред се на македонскиот народ кон истата таа власт и по цена на понижување на големиот национален празник. На Мечкин Камен каде би требало да се слее река народ на главната прослава, малку луѓе дојдоа, кои дури и не сакаа да го сослушаат Милошоски што тоа има да каже. Дури и Николоски си замина на половина говор. А и што ќе го слушаат?

Нема што да слушнат.

Овој лик 30 години е во политиката в Македонија на разни државни функции и ајде кажете ми драги мој сопартијци пред се, по кое национално дело можете да го запаметите овој невпечатлив а секогаш тука некаде присутен лик. Во Скопје, едвај десетина граѓани (вклучително и наследници на семејството на Методија Андонов-Ченто), дел од нив случајно се појавија, и да не беа официјалните гости според протокол, Силјановска немаше кому да се обрати, па затоа побрза да си се врати во вилата во Охрид. А и што ќе им кажеше? Како се бореше за Македонија во Југославија 1990 година? На Пелинце (направијата на БЦ) Мицкоски одржа еден стерилен говор пред донесените наши сопартијци, говор на кој не присуствуваа дипломатските претставници во Македонија. Тие едноставно ја покажаа почитта кон Македонија и македонската нација, положија цвеќиња на спомен обележјето и си заминаа. Останаа само оние со кои надвор од неговата хипокризија Мицкоски сака да се дружи и да ја гради македонската политика. Преку редоследот и групирањето при положувањето на цвеќињата му ја испратија дипломатската порака на Мицкоски за тоа кој на која страна е, а потоа си заминаа со што му ја испратија и другата порака. Во меѓувреме, Мицкоски се шеташе на екскурзија низ поставката на музејот на АСНОМ и го остави народот (воглавно нашите сопартијци донесени со автобуси доброволно – по наредба) на августовското сонце да го почека.

Кажа Мицкоски што имаше да каже, а ништо ново не слушнавме во стерилниот говор. Ни зборуваше за борбата против омразата и талогот. Како да заборави дека токму тој со неговите политики, посебно политики од позиција на власт, глодарите и талогот, спречување на уставните измени и ширењето на шовинизам ја разгоре таа омраза. Дополнително тоа го прави со неподнесување – омраза кон секој кој не размислува како него и уште повеќе доколку истиот се осуди да му се спротивстави јавно и со аргумент. Тоа е вродена омраза и фрустрација, потреба за само докажување, затоа што никогаш ништо сам не направил, секогаш некој друг нешто правел за тој да има. Така и ќе остане, ќе има ама нема да биде. Затоа и неговите ботови функционираат врз основа на омраза, клеветење, лаги, пропаганда, денунцирање, а не врз основ на аргументи. На почетокот на втората половина од неговиот мандат тој ни зборува за потребата од не ширење омраза, која доживува кулминација во време на неговиот мандат, каква хипокризија. На почетокот на втората половина од неговиот мандат тој ни зборува и за последната битка за Македонија. Каква будалаштина. Битката за татковината, за нацијата, никогаш не престанува. Таа само го менува својот облик во зависност од општествените и пред се геополитичките услови, но крајната цел е создавање и одржување на создадената државност и надградување на нацијата, зачувување на националното носечко ткиво и биолошки напредок на државата, технолошки развој, економска благосостојба на нацијата, здрава нација и зачувување на демократските вредности и обележје на нацијата.

Повеќе пати имам кажано – напишано, дека умноста на политичарите на малите држави и народи и нивната вештина се во тоа како да обезбедат опстанок на државата и народот. А Мицкоски зборува за последна битка. Како од таа битка со подигањето на нивото на шовинизам да треба тој да излезе како полковник, но мислам дека ќе излезе како покојник – секако политички.

Хипокризијата за тоа како, на кој начин и со кој средства се бори за Македонија а ја заглави државата да биде чардак ниту на небо – ниту на земја, за неговите успешни економски политики (прва, втора, трета економија во светот-Европа) не станува ниту збор, тонеме во сиромаштија, за омразата кон различното мислење, за хипокризијата во судството и обвинителството кое божем го критикува, па не им дава средства од буџетот кои им следува по закон, за здравството во кое тој донира од буџетски средства, за земањето пари од државни институции, за распадот на институциите за кои нели се бори, а всушност наметнува сила и прави притисок до степен на кршење на законите и процедурите. За што се да зборуваме, за кои успеси, скромност, воздржаност, почит кон граѓаните и политичките неистомисленици, почит кон сите наши сограѓани, работливост (не шетање по локални настани како Сораја), промена на општеството? Нема за што да зборуваме, во тој дел нема никакви резултати, само празни зборови.

Дури и онака срамежливо, Муцунски токму преку белгиски Политико ни соопшти дека за членство во ЕУ немаме план Б и план Ц и дека сме фрустрирани. Ами Тимчо – пак статива, тоа ти и Мицкоски и вашата лажлива клиентела може да се чувствувате фрустрирано. Македонските граѓани и македонскиот народ, нацијата не се чувствува фрустрирано. Луѓето или бараат чаре – бегаат од Македонија (прашајте ја Јаневска кои се причините за 3000 првачиња помалку во оваа школска година) или јасно не ви веруваат. Мал е бројот на оние кои успеавте да ги отруете со омраза со лаги и да ги наполните со фрустрации и покрај тешкиот економски живот да им направите и психолошки проблеми кои не се поврзани со егзистенцијата туку со омразата и шовинизмот. Всушност еве што нацијата мисли за односите со Бугарија, ЕУ и за вас како влада.

До нас како внатрепартиска фракција во ВМРО-ДПМНЕ дојдоа податоци од едно неодамна спроведено истражување во Македонија. Овие податоци од социолошко истражување досега не се објавени. Тие всушност, го покажуваат вистинското расположение во државата, посебно што мислат македонските граѓани за односите со Бугарија, за членството во ЕУ, за уставните промени, за работата на владата на Мицкоски на стратешката цел – членство во ЕУ.

Еве дел од податоците, а целта на оваа презентација на резултатите од социолошкото истражување (кое Мицкоски нема да сака да ги прикаже во јавност) е да се покаже хипокризијата на Мицкоски во однос на ЕУ и Бугарија и тоа токму низ броеви и проценти (онака математички прецизно). Ова истражување нема врска со рејтинзи на политички партии и грижата на Мицкоски за личниот му рејтинг. Вулгарна пропаганда за омраза и шовинизам која генерално не дава резултати, но за наша жал мојот македонски народ во еден дел го прави шовинистички и нетолерантен. Го заглупува македонското ткиво, ја остарува нацијата и ја води државата Македонија кон пропаст.

Да ги погледнеме резултатите добиени од неодамнешното истражување:

Најпрво, дистрибуцијата на одговорите по прашање за прифаќање на членство во ЕУ покажува дека 77,9% од испитаниците се за полноправно членство во ЕУ, а од тоа Македонците се со 76,4% за членство, Албанците со 88,6%, Турците со 66%, Власите со 85%, Ромите и Бошњаците, како и останатите со 100%. Воопшто не е изненадувачка желбата на граѓаните дека сакаат Македонија да ја видат како полноправен член на ЕУ. Оние кои се изрично против членството во ЕУ се само 13,1%, или 12% од Македонците, 11,4% од Албанците, 33% од Турците, 14% од Власите и разбирливо 50% од Србите, бидејќи пропагандата на Вучиќ анти ЕУ е многу посилна и тоа влијае врз Србите во Македонија, но и не само врз Србите.

Токму ставот на граѓаните во врска со работата на владата за членство кон ЕУ го дополнува ставот за полноправно членство во ЕУ, но укажува и на вистинската доверба на граѓаните кон владата на Мицкоски. Само 16,6% од македонските граѓани сметаат дека владата прави се за Македонија да биде член на ЕУ, наспроти 37,6% кои не веруваат на владата на Мицкоски во однос на ЕУ интеграциите. Сосема очекувано, дури 50% од испитаниците Срби сметаат дека владата работи се што може и посветено за членство кон ЕУ, но тој процент кај Македонците е само 19,4% или на ниво на партиска поддршка (клиентелистичка) на Мицкоски и неговите политики. Интересно е и тоа што довербата во трудот на владата на Мицкоски кај Албанците е на ниво на статистичка грешка или под 1%. Затоа пак недовербата е исклучително висока и кај Албанците изнесува 68,2%, додека кај Македонците тој процент е 31,9%. Исклучително висок процент на недоверба на толку силна и агресивна пропаганда – аргумент за сериозно политичко размислување.

Посебно е интересно како македонските граѓани гледаат на уставните промени кои претставуваат основа на политиката на владата на Мицкоски. На прашањето: „Дали сте за влегување на Бугарите во Уставот на Македонија“? дури 40,2% од македонските граѓани во потполност се согласни нашите сограѓани од бугарското малцинство да бидат дел од Уставот на Македонија. Во контекст на народносната припадност на испитаниците, Македонците се потполно согласни со 27,2%, Албанците со 79,5%, Турците со 55,6%, Ромите со 100%, Власите со 85,7%, додека кај Србите овој процент е 0. Изрично против се вкупно 26,2% од македонските граѓани, додека по народносна припадност тоа изгледа вака: Македонците со 31,4%, Албанците со 9,1%, Турците со 33%, Србите со 66% и сите останати со 0%. Очигледно е дека силната пропаганда на Мицкоски не дава резултати какви што тој би сакал, но исто така видливо е дека Мицкоски би сакал Македонците да ги претвори во Срби според менталниот и политичко-социолошки профил на не поднесување на различните, односно го засилува шовинизмот и не толерантноста.

Токму ваквото однесување и политикантство на владата на Мицкоски и „успехот“ во овој негов анти македонски и анти цивилизациски потфат се гледа во одговорите добиени на следното прашање: „Дали сте за внесување во Уставот на Македонија на хрватското, црногорското и еврејското малцинство“? Одговорите привлекуваат големо внимание, особено за тоа како се изјасниле Македонците а во компарација со односот кон Бугарите и нивното ставање во Уставот на Македонија. Имено, 38% од македонските граѓани се согласни Хрватите, Црногорците и Евреите да бидат дел од Уставот на Македонија што е изненадување во однос на согласноста за Бугарите (40%), додека изрично против се 22% од испитаниците што не е голема разлика во однос на Бугарите (26,2%). Во однос на народносната поделба, 36,6% од Македонците прифаќаат во потполност внесување во Уставот на Македонија на Хрватите, Црногорците и Евреите, односно 31,8% од Албанците, 60% од Бошњаците и секако 0% од Србите. Тоа што привлекува внимание е потполното не согласување со внесување во Уставот на Македонија на Хрватите, Црногорците и Евреите кое кај Македонците е 23%, кај Албанците 18,2%, 33% кај Турците и не изненадувачки 83,3% од Србите.

Овие податоци укажуваат дека „последната битка“ на Мицкоски за „спас“ на Македонија не е битка против Бугарите и Бугарија туку битка за загадување на македонскиот хуманистички и про европски простор со цел потполна блокада на Македонија, недоверба кон сопствените национални капацитети, посебно кај мнозинскиот македонски народ и внатрешно пропаѓање на државата низ недоверба кон институциите и нефункционалност на државниот систем. Посебен успех во својата пропаганда Мицкоски има во однос на Македонците кои покажуваат висока (23%) не толеранција кон своите сограѓани Хрвати, Црногорци и Евреи. Бравос за Мицкоски, успеа да го направи македонскиот народ нетолерантен и шовинистички.

Дека шовинистичката и анти хуманистичка пропаганда на Мицкоски има погубни резултати за македонската иднина, но нема некаков видлив резултат во однос на Бугарија и Бугарите и нивно претставување како архи непријател, фашист, татарин и не знам што уште за Македонецот, покажуваат и одговорите за чувствата на македонските граѓани за загрозеност и непријателство од страна на Бугарија. Во науката овие чувства се мерат преку таканаречената Богардусова скала на социјална дистанца, со што во конкретниот случај се утврдува и степенот на дистанцата на македонските граѓани, посебно на Македонците во однос на Бугарите и Бугарија како непријатели и извор на загрозување и закана врз Македонија и Македонците.

Имено, на скалата од „0“ до „10“ се мерени чувствата на македонските граѓани кон загрозувањето и непријателството од страна на Бугарија. При тоа, „0“ е непостоење на закана, загрозување и непријателство, „10“ е максимална закана, загрозеност и непријателство. За голема жал на Мицкоски во однос на неговото шовинистичко и полно со омраза политикантство и пропаганда, македонските граѓани одговориле дека дури 32,5% од нив не чувствуваат никаква закана, загрозување или непријателство од страна на Бугарија, а само 8,1% чувствуваат максимална закана, загрозеност и непријателство од Бугарија, додека средната вредност или ниво „5“ изнесува 7,7%, а поголем дел од одговорите на испитаниците се распределени во долниот дел од скалата односно од „1“ до „4“ и изнесува 28%. Тоа јасно покажува дека македонските граѓани и покрај силната пропаганда на Мицкоски против Бугарија не ја чувствуваат Бугарија и Бугарите како загрозувачки извор, закана и непријател на Македонија. Според народносна припадност, 26,2% од Македонците воопшто не ја чувствуваат Бугарија и Бугарите како закана, непријател и загрозувачки фактор, наспроти 8,9% кои ги чувствуваат крајно непријателски и загрозувачки и како закана. Замислете, само 8,9% од Македонците му веруваат на Мицкоски и неговата пропаганда. И сега споредете ги овие податоци со спротивставувањето на Уставните промени и внесувањето на Бугарите во Уставот и дури 23% од Македонците кои се спротивставуваат на внесувањето на Хрватите, Црногорците и Евреите во Уставот на Македонија. Бравос Христијане, таква успешна кампања за затупување на Македонецот и негово претворање во шовинист, тоталитарист, мразач, анти Европеец, анти цивилзациско човеколико суштество никој не успеал да направи. Ти си единствен и еден – заштитник на македонскиот идентитет или пробразувач на македонскиот идентитет и Македонецот во Европа, од просветители (времето на Св. Климент и Св. Наум), преку ренесансата пред ренесансата со фрескоживописот на Михаил и Евтихиј, преку преродбеништвото и борбата за слобода до изворната идеја на ВМРО и ВМРО-ДПМНЕ која од проевропска, демократска и цивилизациска успеа да ја преобразиш во базична спротивност – антипод на себеси. Уште повеќе што во истражувањето на скалата, дополнителни 28% од Македонците според своите чувства Бугарија ја чувствуваат како минимален непријател и закана распоредени во долниот дел од скалата под средно ниво. Многу интересно, 54,2% од Македонците немаат воопшто или имаат многу мало чувство за загрозеност од Бугарија и Бугарите. Ова значи дека само 23% од Македонците се шовинизирани од различни влијанија вклучително и пропагандата на Мицкоски во која со сигурност дел од луѓето се изгубени и не разбираат поради што и со што тоа ги труе Мицкоски.

Драги мои читатели, пред се, драги мои сограѓани и драги мои Македонци, ова се јасни показатели дека доколку би се спровел референдум за тоа дали треба да се внесат Бугарите и останатите малцинства (Хрвати, Црногорски, Евреи) во Уставот на Македонија тој референдум би бил успешен и би го отворил патот на Македонија кон ЕУ, а посебно што би го забрзал падот на Мицкоски од власт. Тоа и е причината за фрустрацијата на Муцунски и јавното признавање дека нема план Б и план Ц, но и дека прашањето за уставни измени станало политички токсично. Ами вие Тимчо – статива, го направивте токсично, само што мислевте дека таа токсичност ќе ги отруе македонските граѓани и Македонија, но таа ве отру вас политикантите. А токсични сме самите кон себе, но за интересот на Белград од кој Мицкоски и неговата свита не можат да се откачат бидејќи се корисни идиоти кои имаат задача сите нас да не направат исти такви корисни идиоти. Затоа Мицкоски ги поттикнува ботовите и хејтерите на ФБ и во секоја прилика да го растураат тој токсин, да вршат притисок врз граѓаните и да поттикнуваат омраза во јавноста а се со цел создавање на погрешна слика за наводна поддршка на политикантството на Мицкоски и анти европското однесување преку анти Бугарски наратив. Но, ете кога граѓаните ќе бидат прашани анонимно (или зад параванот на гласање) тогаш ќе ја имаме оваа слика на став на македонските граѓани. А токму од тоа се плаши Мицкоски, од јасноста и од вистинскиот став на македонските граѓани. Она што јас се прашувам, е: „Дали и Филипче се плаши од овие резултати кои ќе ни го отворат патот кон ЕУ а ќе го детронизираат Мицкоски“? Но мора и да кажам. Најголемата одговорност за состојбата на Македонија е кај Мицкоски како премиер на државата. А за сериозноста на политиките и одговорноста, свој суд и одговорност имаат македонските граѓани.

Овие резултати јасно покажуваат дека времето на Мицкоски заврши, дека го потроши мандатот со молскавична брзина, дека македонските граѓани, посебно ние Македонците сме излажани од него лично, од неговиот политички наратив и неговата пропаганда. На лаги дојде на власт, со лаги и пропаганда се обидува да владее, но со лаги нема да преживее на власт – едноставно, македонските граѓани, пред се Македонецот ги препозна лагите и ја гледа и чувствува пропагандата во секој аспект на неговиот веќе загрижувачки сиромашен, тежок и опасен живот.

Резултатите од истражувањето укажуваат и на потреба од смена на политичките „елити“, односно времето на политикантите помина. Но укажуваат и на потреба од промена на политиките во насока на европеизација на Македонија, на целокупното општество. Промена на хипокризичното однесување како почеток на таа европеизација.

 


Проф. д-р Оливер Андонов е професор на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје | Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА


Неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ