• Latest

Хисени: Екстремниот национализам е штетен и закана за општеството

August 23, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Хисени: Екстремниот национализам е штетен и закана за општеството

August 23, 2020 10:54
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанскиот активист, Фари Хисени од МОФ, на панел дискусијата од Граѓанскиот форум на ЦИВИЛ на тема – национализам, смета дека национализмот како поим е дури и корисен за општеството, за разлика од екстремниот национализам кој е штетен и закана за општеството.

– Би сакал да направам една дистинкција помеѓу национализмот и патриотизмот. Не се штетни по општеството, бидејќи би требало да служат за подобрување на општеството. Но, бидејќи кај нас во моментот се преминува во екстремен национализам, ултранационализам, тогаш се прави штета. Тоа е бидејќи тие групи имаат потреба да докажат дека се над другите етнички групи, едноставно да покажат дека се најдобрите и најсупериорните над другите етнички групи. Кога има еден извор е полесно да се справи со тој проблем, но има повеќе чинители на овој ризичен национализам. Треба во образованието да се прави дистинкција и на учениците да им се објаснува кои се придобивките од национализмот, и кои се штетите од ултранационализмот.

Хисени вели дека во 2008/09 година од Министерството за образование е донесена стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието, но веднаш по денесување на оваа стратегија се отворија нови училишта во етнички средини каде што учат само ученици од една етничка заедница.

– Ние во докумет имаме стратегија за меѓуетничка интерграција, но во практика имаме сегрегација“, додава тој.

Хисени вели дека во училиште покрај македонскиот и англискиот јазик, друг изборен јазик наместо да е германскиот или францускиот, би било добро да се учи албански, ромски, турски, српски… бидејќи децата имаат јазична бариера, не се разбираат меѓу себе. Тие меѓусебно комуницираат на англиски, иако се комшии.

Фари Хисени, МОФ

Тој вели дека за жал првите етнички бариери кај младите се прекршуваат со учество на семинари организирани од невладиниот сектор, наместо државата да ги собира младите на едно место и да соработуваат меѓу себе, додавајќи дека институциите очигледно немаат интерес да го решат овој проблем.

Хисени додава дека и надвор од училиштето, дури и во хиерархиската посветеност, ако некој министер е од една етничка заедница, заменикот министер мора да е од друга етничка заедница и двајцата министри треба да работат за „своите“ етнички заедници. „Пример ако министерот е Ром тој работи со ромската етничка заедница, ако заменикот е Турчин тој работи со турската етничка заедница. Тука е проблемот“, истакна Хисени.

Тој додаде дека преку проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието се направени измени во учебниците за граѓанско образование, што е добар пример.

Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Биљана Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ