• Latest

Хоџиќ: Нашата држава има потреба од политики на позитивна дискриминација

May 19, 2021
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Хоџиќ: Нашата држава има потреба од политики на позитивна дискриминација

May 19, 2021 13:07
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Агенцијата за остварување на правата на заедниците веќе неколку пати годишно, посебно и до министерството за Информатичко општество, базирано врз нашите партиципативни форуми, кои се врста на дијалог помеѓу сите институции и критичкиот невладин сектор, издаде неколку препораки врзани да се промени состојбата со балансерот“ истакна Џељо Хоџиќ од  Агенцијата за остварување на правата на заедниците на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Еднаквост, недискриминација и мултикултурализам во Северна Македонија: Состојби, предизвици и перспективи“ 

Јас би се сложил дека нашата држава има потреба од политики на позитивна дискриминација, но позитивната дискриминација не смее да прерасне во она што се вели чиста дискриминација. Правото на правична и соодветна застапеност произлегува од Рамковниот договор, и тоа начело е многу важно за нашето општество затоа што ние 70 години никако да дојдеме до тој момент и јас никако не би го потценил. Мислам дека е еден од клучните кохезивни елементи во нашето општество.

Но балансерот како алатка,  за жал е една несреќна алатка која повеќе дискриминира отколку што помага, и јас сум сведок дека бројките се поправаат во позитивна смисла но секако дека тоа иде премногу споро, и секако дека балансерот денеска онаков каков што е, повеќе создава негативна приказна, отколку што помага да се дојде до правичната застапеност. Значи треба да се најде начин во кој, да се дојде до еден среден рок, тоа не може преку ноќ, за жал пропуштивме многу години претходно, да се дојде до тој момент да нашата јавна администрација да биде и правично и соодветно застапена. Ние имавме и еден одговор дека министерството за Информатичко општество, тогаш министер беше господинот Манчевски, ја усвои таа препорака, но некако заглави во изнаоѓање на нов момент во тој дел.

Се спомена пандемијата и таа нова реалност, Мерсиха од една страна повлече дека самата пандемија повлекла една линија и не вратила во некаков ист ред, но јас би сакал да потенцирам како и сите големи кризи, општествени,, глобални, секогаш најмногу се осеќаат, најмногу штета прават на оние кои се нај маргинализирани и најосетливи на било какви промени. Од една страна општеството успеа кај нас да одговори со солидарни политики, но од друга страна факт е дека самата пандемија успеа дополнително да ги направи оние разлики на дискриминација, особено на оние кои се најранливи. И таа дискриминација е не секогаш етничка, многу често е родова и често ги погодува најсиромашните, оние со инвалидитет итн. Постојат разни врсти на дискриминација и внатре во самите етнички кампуси. Така да и од таа димензија треба да се гледа дека за жал останува тука многу работа на тие полиња.

Имавме доста конструктивна средба со директорот во тој дел. Највеќе што фали во тие редакции е кадар и јавниот сервис бара да им се дозволат вработувања затоа што имаат средства, бидејќи не може да биде редакција на ромски јазик со еден вработен. Во тој дел кадарот е најпроблематичен, и еве еден апел да конечно се направат напори од сите чинители во општеството да јавниот сервис добие квалитетен кадар во делот на вработувања во сите редакции на заедниците. Но според вашето прашање, сакам од друг агол да кажам една потреба. Ако го исклучите јавниот сервис, со сите предизвици кои ги има во работата, ние навистина, останатите медиуми, не можеме да кажеме дека го задоволуваат  тој мултиетнички елемент, односно програмите на јазиците на двете најмногубројни заедници, се некако програми кои се креираат сами за себе. Медиумскиот простор бара предизвик да креирате програма и да во нејзе едните учат за другите. И ако се прави емисија да кажеме за одредена етничка заедница, не е потребата да речеме бошњачката заедница да гледа само емисии за бошњачката заедница, туку напротив, таа емисија треба да ја видат сите останати. И обратно. Бошњачката заедница треба а види емисии квалитетно продуцирани и да научи нешто од културата на другите.

Тука е и предизвикот дека Република Северна Македонија е мал пазар медиумски, и дека особено приватните медиуми се во трка за гледаност и дел од медиумскиот колач и тука многу лесно се заборава тој момент. Вториот момент е и во информативните емисии, од информативен карактер. Секогаш кога се известува за одредени прашања гледаме дека многу често има  доста сериозни грешки кога се известува за по малубројните заедници во тој дел. Едноставно трката за брзи вести, трката да се испродуцира брза вест, многу често и новинарот и медиумот ги доведува во незгодна ситуација без да го разберат етничкиот, општествениот, локалниот контекст на одредена заедница, без разлика дали е етничка, локална итн. Тоа се едни предизвици за кои сметам дека ке дојде време многу брзо да дебатираме кога ќе се нормализира состојбата со пандемијата.

Ние имаме среќа дека Македонија е мултикултурно општество и дека многу од луѓето, од она што како деца кога сме растеле сме го дознале, па и овој недостаток во медиумите не го осеќаме. Но луѓето кои професионално се бават со мониторинзи и со медиумските програми особено во приватните телевизии, ќе видите дека имаат сериозен проблем. Имаме неколку обиди за телевизии приватни кои продуцираат програма и на албански и на македонски. Се надевам дека ќе се појават и електронски и мејнстрим медиуми кои ќе продуцираат програми за по малубројните заедници.

Ирена Крџиќ

камера: Атанас Петровски

монтажа: Ариан Мехмети

фотографија: Биљана Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ