• Latest

Холокауст

January 25, 2019

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Холокауст

January 25, 2019 10:26
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Холокаустот (старогрчки: жртвување со оган) беше систематски и масовен државен прогон и убиство на Евреите со цел таа нација да се истреби. До крајот на Втората светска војна, нацистичкиот режим на Адолф Хитлер и неговите колаборационисти убија две третини од Евреите во Европа. Шест милиони мажи, жени и деца беа убиени во масовни стрелања на отворено, во сурови погроми во кои учествува и цивилното население и квислиншките власти и во концентрационите логори, каде што геноцидот достигнува чудовишни индустриски размери.

Џабир Дерала

Холокаустот го придружуваат прогонот и масовните убиства и на други „расно и биолошки инфериорни“ групи. Така, Ромите (околу 200.000 жртви), Словените и припадниците на други раси на „подлуѓе“, како што ги нарекува Гебелсовата пропаганда, се најдоа на злокобната листа на нацистичкиот режим. И лицата со посебни потреби станаа мета на режимот кој се „стреми кон здрава нација“ и со „Програмата за еутаназија“ уби 250.000 „ментално и физички болни“ лица, главно Германци.

Листата на оние што не заслужуваат да живеат се продолжува со политички и идеолошки различните, па така нацистите ги прогонуваат и убиваат и социјалистите, социјалдемократите, комунистите, синдикалците, како и верски групи или припадници на културни движења во Германија, што не дејствувале во согласност со концептот на Третиот Рајх. И хомосексуалците „ја валкале избраната ариевска раса“ и беа убивани или депортирани во концлогорите, значи, во сигурна смрт. Така, на црната бројка од шест милиони Евреи убиени во крвожедната ера на Холокаустот, се додаваат и над милион други жртви на систематскиот прогон и истребување од нацистичкиот режим и колаборационистите на оската на злото ширум Европа.

Започна со говор на омраза, продолжи со изолирани, а потоа сѐ почести и помасовни насилства, бојкот на бизнисите на Евреите (и другите „различни“), за да прерасне во „Конечното решение“ на конференцијата во Ванзее (јануари, 1942.), со прецизно елабориран план за индустриско истребување на „непријателите“ на нацистичкиот режим. Вазалските режими ширум Европа спремно ги дочекаа овие планови. Албанија, чиј режим во тоа време е квислиншки, се издвојува како ретко прибежиште на Евреите. Албанците им дадоа засолниште на Евреите во своите домови. И Алберт Ајнштајн е дел од многубројните Евреи што добиле пасош од албанската амбасада во Берлин и со него успева да го избегне смртоносниот поход на нацистите.

И во Средниот век, насекаде низ Европа се воведуваат антисемитски закони со кои Евреите се сегрегирани, дискриминирани, им биле дозволени само некои занимања, забрането им било да поседуваат земја… Повеќето од тие закони се укинати во 19. век, но во Русија тие се во сила до 1917 година. Сепак, антисемитизмот и суровиот прогон на руските Евреи се задржува во текот на владеењето на советските комунистички диктатори.

Ова се неколку познати факти што во нормални услови би требало да бидат дел од знаењата што спаѓаат во „општа култура“. И – тоа знаење да се употреби како оружје против злото на поделбите и насилствата меѓу луѓето. Но…

Антисемитизмот не е мртов. Насилствата против Евреите продолжуваат. Неонацистите во Русија секоја година го „слават“ 20 април, роденденот на Хитлер, со брутални насилства врз Евреите и други не-Руси. Апсурдно, земјата што даде најмногу жртви во војната против нацизмот, денес е дом за голем број неонацистички и екстремистички групи, толерирани од диктаторскиот режим на Путин. Неонацистите ги среќаваме насекаде низ Европа и светот, а исклучок не се ни земјите во нашето опкружување, ниту Македонија.

Премолчувањето на Холокаустот во училиштата и медиумите е минимизирање на оваа историска трагедија на човечкиот вид. А минимизирањето е само друго име за негирање на Холокаустот, што е отворен антисемитизам.

Нацификацијата на Македонија може да се забележи со едноставен поглед на полиците во секој супермаркет, каде што можете за ситни пари да купите десетина книги како „Мојата борба“ од Хитлер, Говорите на Гебелс, „Фашистичка револуција“ од Мусолини и низа други. Свастики има на ѕидовите во многу градови… Ги има и како магнети на фрижидерите во домовите. Се скрнават еврејски гробишта или монументи што сведочат за антифашистичката борба. Листата не се исцрпува тука…

Секоја година, во пресрет на Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот (27 јануари), се соочуваме со непријатниот потсетник дека македонското општество, сосе образовниот систем, културата и медиумите, продолжуваат со премолчување на Холокаустот. Учебниците креирани во неславната ера на Грујо Серекеш го сведоа Холокаустот на само неколку скудни податоци.

Најголем дел од медиумите не наоѓаат за сходно да го одбележат ова глобално сеќавање, регулирано и со Резолуцијата 60/7 на Обединетите нации, според која и медиумите и културните и образовните институции на земјите членки се обврзани да го одбележат овој ден. Овој “рафал“ го упатувам додека на ТВ тече уште една од десетиците емисии и документарни филмови што се дел од Неделата на сеќавање на Холокаустот на ТВ каналот Историја. На сличен начин е модифицирана и програмската шема на голем број други светски телевизии. Никој ли не го забележа тоа?

 

 


Преземање на содржините објавени овде e ЦЕЛОСНО ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.
Фотографија од Авторот: Б. Јордановска

Share55Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ