• Latest
Џабир Дерала

Храброста и човечноста наспроти бездушноста и омразата

September 9, 2021

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Храброста и човечноста наспроти бездушноста и омразата

September 9, 2021 09:00
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДНЕВНИК, ЕДИТОРИЈАЛ, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

„Голема трагедија, Господ нека ни е напомош“ – напиша во коментар една корисничка на Фејсбук веднаш по пожар што изби во модуларна болница за лекување од КОВИД-19, ноќта на 8 септември во Тетово. Четири минути по тој коментар, се појави коментарот: „Зошто напомош? Нека испоцрка ова племе?“ (профил под името „Ѓоре Димитриевски“).

Додека се бројат мртвите и повредените во ужасниот пожар што изби во болницата, мразачите го најдоа своето место, на првите линии на Фејсбук и Твитер боиштето.

Извештаите од тимот за следење на дезинформациите и говорот на омразата навираат. Чудовишна омраза, тотална бездушност – констатирам уште еднаш. Доцна во ноќта пристигнуваат и првите цртички на анализата. На мониторинг тимот, добро им е познат дел од оние што и оваа трагедија ја искористија да шират омраза на социјалните мрежи или „одеднаш“ покажаа „загриженост“ за тоа кој може да биде одговорен за трагедијата. Пожарот сѐ уште беснееше, но тие веќе навлезени „длабоко во Фејсбук-Твитер-истрага“.

Во електронското сандаче ми влета и фотографски запис од коментар во кој се вели: „Ќе гори, нормално. Само на тој начин може да престане оваа хистерија во државата и присилно вакцинирање и воведување мерки“. Тотална бесмислица, но луѓето ја читаат, ја одобруваат и споделуваат. Во еден друг коментар од извесен профил под името „Радица Арсоска“ се вели: „Сите нека изгорат“.

Наспроти оваа незамислива бездушност и омраза, стојат луѓето. Пожарникарите и лекарите на првата линија, а веднаш потоа и новинарските екипи (јавноста) и целиот државен врв, веднаш влегоа во битка со трагедијата.

Некој во тие драматични ноќни часови, кога телефонските повици и разговори со луѓето околу мене се претопија во една огромна френетична маса од информации, полуинформации и длабоко емотивна комуникација, ми рече: „Луѓе што се бореле за здив и тие што се бореле за нивното здравје, живи гореле во огнот.“

Луѓето различно реагираат на трагедиите. Некои на социјалните мрежи почнаа да поврзуваат. За Илинден – пожари во шумите, на 8 Септември, Денот на независноста – пожар во болница. За момент, вниманието застанува таму, но одговорно е да се отфрлат сите мисли што можат човека да го стават под влијание на теориите на заговорот. Грција, на пример, не славеше Илинден, па имаше многу пожари.

За чудо, Христијан Мицкоски, политичар кој себеси и партијата што ја води (ако ја води), континуирано се изолира од сите настани и процеси, итно излезе со Фејсбук објава дека ја става партијата на располагање уште истата вечер. Како и што ќе стави на располагање не напиша, но за одбележување е тоа што за првпат е актуелен.

Во овие трагични мигови, хуманоста и солидарноста не можат ни оддалеку да ги надополнат човечките загуби, но можат да ја ублажат болката на семејствата и блиските. И вистинската истрага од професионалните служби, не само онаа „тросед-истрага“ на социјалните мрежи, започна истата ноќ.

Излишно е да се каже дека за овој трагичен случај треба да има добра и темелна истрага, но и одговорна јавност која нема да им подлегне на теориите на заговорот и на омразата. Не е срамота да се побара помош и од странски експерти во истрагата.

Во меѓувреме, наша обврска е да бидеме хумани и да ја понудиме нашата помош и сочувство, како луѓе и како професионалци, секој во својата област.

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот)
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ