• Latest

Христијанското братство го „одбрани“ Коњот

March 22, 2018
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Христијанското братство го „одбрани“ Коњот

March 22, 2018 00:28
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку десетини демонстранти на националистичката група „Христијанско братство“ протестираа против владата, в среда, 21 март, во вечерните часови, на плоштад Македонија, како што може да се дознае од фото и видео материјалите објавени од самите организатори.

Од протестот на „Христијанското братство“, Скопје, 21 март 2018

Откако одржаа неколку конфузни говори во кои ги напаѓаа политиките на Владата, а особено Законот за употреба на јазиците, дел од толпата се упати пред канцеларијата на Иванов, во знак на поддршка на неговата блокада на законот.

Дел од толпата изрази поддршка на Иванов… Протест на „Христијанско братство“, Скопје, 21 март 2018

Една од причините поради која беше организиран овој протест, како што се дознава од постовите на социјалните медиуми, како и од пораките кои „протекоа“ од комуникацијата на организаторите, беше и наводното стравување дека ќе биде отстранет споменикот на Александар Македонски, чие официјално име е „Воинот на коњ“. Министерството за култура соопшти дека такви активности не се предвидени, на што, пак, многумина реагираа со разочарување, бидејќи нивното очекување било токму обратното – да се започне со „демонтажа“ на озлогласениот проект „Скопје 2014“.

Филип Петровски на протестот на „Христијанско братство“, Скопје, 21 март 2018

Што се однесува до припадниците на „братството“, тие повикаа на протест пред т.н. триумфална порта, в четврток, 22 март, со почеток во 11 часот, „да го пречекаат кумот“, како што се изразија иронично на сметка на грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас, кој доаѓа во официјална посета на Република Македонија.

Стевчо Јакимовски на протестот на „Христијанско братство“, Скопје, 21 март 2018

Меѓу демонстрантите беа и неколку ликови од маргините на македонската политичка сцена како Стевчо Јакимовски и Филип Петровски, двајцата познати по своите неуспеси, но и по изразената националистичка, антизападна ориентација и експлицитен говор на омраза во нивните јавни настапи.

Џ. Дерала

Tags: IvanovЗакон за употреба на јазицитеЈакимовскиКоѕиаснационализамПетровскиХристијанско братство
Share512TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ