Хрватска планира да се приклучи на меѓународната Коалиција за дронови предводена од Летонија и Велика Британија, чија цел е безбедна набавка на беспилотни летала и поддршка на Украина, соопшти хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман.
Радман, кој е во официјална посета на Рига, истакна дека Хрватска и Летонија споделуваат слична историја и се добри партнери, со простор за унапредување на соработката.
Коалицијата за дронови, основана во февруари 2023 година, има цел да обезбеди предност за Украина преку стабилни испораки на беспилотни летала и развој на западното производство.
Во неа веќе членуваат Велика Британија, Летонија, Украина и низа земји од ЕУ и НАТО, како и Австралија, Канада и Нов Зеланд. / МИА