Литванија воведе санкции врз претседателот, премиерот и претседателот на Собранието на Република Српска Милорад Додик, Радован Вишковиќ и Ненад Стевандиќ за наводно учество во кршење на уставниот поредок на Босна и Херцеговина.
Одлуката е објавена на страницата на Кабинетот за миграција при Министерството за внатрешни работи на Литванија.
Санкциите воведени од Литванија значат забрана за влез во земјата до 18 април 2030 година, а се очекува да значат и забрана за користење на воздушниот простор.
Досега четири европски земји воведоа санкции против Додик – Германија, Австрија, Велика Британија и Полска, додека претходно, Соединетите Американски Држави воведоа санкции против претседателот на РС, компании и поединци поврзани со него.