• Latest
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

И на пазарот има мода

Има мода ама за сите времиња

May 14, 2026 14:50
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Војо Маневски

Што си се зафатил за приказните за пазарот ми вели еден мој исписник. Не пишувај приказни туку земи со себе тефтерче и пишувај кој доаѓа на пазар, зашто можеби после  неколку  пазарни денови нема да го сретнеш.

До некаде има право пријателот. На пазар денес одат пензионери, оние што се некаде блиску до тој статус и оние што си ја задржале навиката да отидат на пазар за да се видат со оние што не ги среќаваат секој ден. Да пријатели мои, станавме заедница на осамени единки кои се потешко се борат со најтешката болест на човештвото кое денес го притиска. Сам да си, иако живееш во заедница која брои илјадници. Потрошувачкото општество троши се а најмногу потрошувачите.

За причините и решенијата малку нека истражуваат социолозите за кои министерката за образование и наука вели дека тешко се зафаќаат со наука и само го трошат професорското време и заедничкиот буџет.

Како и да ѐ, сеуште на штипскиот пазар може да се слушне некоја мудрост по некоја досетка од продавачите и како низ времеплов може да се видат парчиња гардероба кои некогаш биле модерни. Поминуваш покрај тезгите и турка количка со лук, компири и кромид, госпоѓа со натапирана коса како Јованка Броз и облечена во карнерирана кошула изработена од модната конфекција Астибо за која добила златна кошута на модниот саем. Со колку љубов ли е чувана кошулата до сега си помислувам и со колку сила е штитена од разни запршки и мириси што  низ децениите се обидувале да ѝ наштетат. Трамп треба да позавиди на стратегијата за безбедност на кошулата. Тhe shirt is first.

Доаѓам до тезгата каде се продаваат краставици и бучна двојка успешно ја пласира својата роба. За меѓусебната врска на продавачите не прашувам зошто тоа дене е длабока интима за која не се поставуваат непристојни прашања.

Краставици и оранжериски и од нива изборот е ваш!– ме убедува продавачот облечен во работно одело кое останало од времињата на  земјоделските комбинати или од задолженијата на цивилната заштита.

Домашните  50 денари а овие од пластеници 60 денари. Шеретски ми намигнува и ми подава од помалите ама подебелките.

– Овие од нива треба да се еколошки се обидувам да паметувам. Ако се еколошки тие треба да се поскапи. Овие се можеби увозни му велам.

– Кој бе увозни од пластеникот на бате Ставре од Добрејци се ,какви бе увозни  домашни сѐ, ми се обраќа со тон како да ќе му ги земам субвенциите . Колку со бате Ставре се пупеме да ги одгледаме ееее.

– Добро тогаш која е разликата? Во квалитетот или во нешто друго.

– Слушај другар ти слабо се разбираш во краставици а изгледа и од други работи не се разбираш многу .Ај прашај ја женати од кои краставици повеќе купува?

– Не лафи бе ти му одговара жената облечена во сива пластифицирана наметка и со прозирни ракавици на рацете. По европејски–го  коментира нејзиниот фешн стил мојот сосед Зоран со кој вршиме посета на пазарот секој петок.

– Господине он каков е влечко не разбира дека подолго си е подолго , зафанал се за тие кратките како слеп за стап. Земети си од овие тенките и долги за салата се одлични и тоа само добро ги измиеш и нема потреба од лупење .  Ови неговите од нива додека ги измиеш излупеш и тоа што се подебелки се истенчи. Еми затоа им ја туривме помалата цена. Питај ти домаќинка а не тракторџија.

Убедливоста ѝ ѐ на ниво на современ маркетинг модел и нема бегање од тоа. Ширам кесето и купувам три кила од долгите краставици.

Со наведната глава да не наидам на уште некоја таква нагазна мина доаѓам до тезгата со млад кромид и младо лукче.

Го знам продавачот зошто веќе трет пат купувам од него зеленчук а тоа на пазарот е основа за блиско пријателство кое може да заврши и со сретнување пред некое гранапче .

Три врзалки лук и четири кромид му испорачувам како да сум на шалтер.

– Ааа, виде ли дека кај мене има само првокласна роба ми се обраќа како на виновник . Како беше на дочекот на први мај ,знам дека тогаш зеде повеќе за салата велеше.

– За салата секако, ама Први мај го одбележав со семејството дома, а да го чекав, не го чекав, сам си дојде.

– Како бе, сам си дојде? Секој празник се дочекува за да ти биде убаво кога ќе дојде. Ако не го чекаш он ќе си дојде ама нема твоја заслуга. Слабо ти новинарче ги разбираш тие работи. Еее едно време се чекаше и нова година и 29 ноември и први мај. Сѐ чекаше и Божик и Велигден и се прославува кога доаѓаа. Со семејството со пријатели сѐ чекаше и прославуваше. Сега сами си доаѓаат ама и сами си ги прославуваме. Се собираме тројца без четворица и сме одбележувале празник . Епа, ако е за одбележување тогаш зошто во црквениот календар се запишани со црвено? Да се дочекуваат со веселост и со веселост да се слават — господине со саркастичен тон се ми објасни мојот продавач на свеж лук и кромид.

Да одам до тезгата каде се продаваат компири и тиквички не се осмелив зошто се уплашив од некој горка вистина што ќе ми ја испорачаат оние што сеуште имаат допир со природата и вистинските состојби меѓу луѓето. Овде на пазарот ги осознаваат работите.

Да, мои почитувани читатели, во маркет се поминува се купува ама не се пазари на пазар се пазари и купува и она што не си предвидел дека ќе го купиш?

 


Војо Маневски е долгогодишен новинар и уредник, политички аналитичар и колумнист во медиумската платформа на ЦИВИЛ | ЦИВИЛ МЕДИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ