• Latest

И неработниот ден во недела стана дел од партиските препукувања, независни наспроти партиски советници

September 22, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

И неработниот ден во недела стана дел од партиските препукувања, независни наспроти партиски советници

September 22, 2021 16:13
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструкции, блокади и кочења на важни законски измени. Вчера на седницата на Комисијата за труд и социјална политика, ВМРО-ДПМНЕ го опструираше носењето на измените и дополнувањата на Законот за работни односи.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека пратениците од мнозинството се тие кои што ја опструираат работата на Комисиите преку цензура на пратениците од опозицијата, и дека нивната намера беше на Комисијата за труд и социјална политика најпрво да се дискутира за вистината и да се утврди одговорноста за катастрофата која што се случи во болницата во Тетово.

Од Шанса за Центар сметаат дека Совет составен од неполитички ангажирани граѓани кои ќе делуваат во корист на жителите и ќе ја разбијат концентрираната моќ на градоначалникот.

И НЕРАБОТНИОТ ДЕН ВО НЕДЕЛА ДЕЛ ОД ПАРТИСКИТЕ ПРЕПУКУВАЊА

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструкции, блокади и кочења на важни законски измени. Вчера на седницата на Комисијата за труд и социјална политика, ВМРО-ДПМНЕ го опструираше носењето на измените и дополнувањата на Законот за работни односи.

„Со овие измени кои треба да стапат на сила на први октомври, недела станува неработен ден за сите оние кои сакаат да бидат со своите семејства. Наместо да работат за она што се платени, да им служат на граѓаните и државата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на најподмолен начин ги злоупотребуваат чувствата на граѓаните, тераат политиканство заради лични и партиски интереси. Со ваквиот однос јасно е дека им следува нов седми пораз од граѓаните кои одново ќе ги поразат ваквите погубни и неодговорни политики на ВМРО-ДПМНЕ и неговите пратеници“, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека пратениците од мнозинството се тие кои што ја опструираат работата на Комисиите преку цензура на пратениците од опозицијата.

„Оттука, сакаме да нагласиме дека нашата намера беше на Комисијата за труд и социјална политика најпрво да се дискутира за вистината и да се утврди одговорноста за катастрофата која што се случи во болницата во Тетово. Таа е темата за која што треба да дискутираме. Очигледно, тоа некому му пречи. Очигледно, некому вистината го боли… Господа од СДСМ, имавте доволно време, имавте цели четири години да покажете на работниците, но и на сите останати граѓани дека навистина се грижите и работите за нивните интереси, но вие го докажавте токму спротивното“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВИК

Од Алијанса за Албанците ги повикаа албанските гласачи во општина Брвеница да ги подржат, бидејќи тие се откажаа од кандидатите во Кичево и Чашка, заради кандидатот на ДУИ.

„Потсетуваме дека според договорот од 2017 година, кој зависеше од резултатот на листите за советници, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива го повлече кандидатот во Кичево, додека за да го задржиме истиот интерес, се повлековме и од Чашка каде што не поставивме кандидат. ДУИ не само што не се повлече од Брвеница, туку таму се кандидираа двајца кандидати, што го прифати и самиот Бујар Османи.

Во оваа ситуација, наоѓајќи се пред опасна ситуација создадена од ДУИ, ги повикуваме албанските гласачи во Брвеница да не помогнат во ова сценарио што оди на нивна сметка, туку да се обединат околу кандидатот на Алијансата за Албанците за да обезбедат транзиција кон вториот круг и победа. ДУИ ќе мора да сноси политичка одговорност откако таквата игра ќе биде демаскирана“, велат од Алијанса за Албанците.

ГРАЃАНСКИ СОВЕТ НАСПРОТИ ПАРТИСКИ СОВЕТ

Од независната советничка листа Шанса за Центар велат дека сакаат да ја сменат досегашната пракса која  покажа дека советниците сметаат дека се избрани од партиите и таму треба да го даваат отчетот за нивното делување кое треба да е само во интерес на партијата.

„Силен и квалитетен граѓански совет може да носи подобри одлуки наспроти совет кој е само гласачка машина на градоначалникот“, велат од Шанса за Центар.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ