Претседателот на Државната комисија за спречување на корупција Игор Тантуровски поднесе оставка, потврдија за МИА од Антикорупциска.
Тој изутрината ја доставил оставката до Собранието.
Оставка вчера поднесе и членот на Комисијата и нејзин поранешен претседател Горан Миленков, кој беше првиот што се повлече од функцијата, откако пред неколку дена беше обајвен скандалозниот извештај од внатрешната ревизија направена во Комисијата.
Во извештајот се наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари.
За извештајот на ревизорите за Антикорупциска, истрага отвори Јавното обвинителство, а парламентарното мнозинство ги повика членовите да си поднесат оставки или ќе биде иницирано нивно разрешување во Собранието.
Тантуровски деновиве негираше дека има незаконитости во работата на Комисијата и рече дека нема да поднесе оставка.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.