Лидерот на Хамас во Либан, Фатех Шериф Абу ел Амин загина заедно со неколку членови на семејството при израелски напад врз јужниот дел на земјата.
Соопштението на Хамас за смртта на Амин уследи откако палестинската милитантна група Народен фронт за ослободување на Палестина (ПФЛП) утрово соопшти дека тројца нејзини членови се убиени при израелски напад врз центарот на Бејрут, пренесува МИА.
Во израелскиот напад загинаа член на политичкото биро и шеф на воено-безбедносниот оддел Мохамед Абед Ал-Ал, член на воениот оддел и воената команда во Либан Имад Одех и Абдул Рахман Абед Ал-Ал.
Тоа е прв напад врз центарот на Бејрут од војната во 2006 година.
Дел од израелските медиуми објавија дека, иако сè уште не е донесена политичка одлука Израелската армија (ИДФ) привршува „значајни операции“ како подготовка за копнена инвазија врз јужен Либан.
Тие повикувајќи се на неименуван безбедносен извор истакна дека само прашање на време е кога ќе биде извршена копнена инвазија.
Целта на копнените маневри е да се уништат целите, но и да се проектира моќта на Израел и ИДФ на Блиски Исток, особено врз Хезболах, истакна изворот.
Повеќе од 100.000 луѓе од Либан преминале во Сирија по ескалацијата на конфликтот меѓу израелските сили и либанската група Хезболах овој месец, изјави денеска високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди.
М. Д.