Работните групи кои беа формирани од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, денеска треба да го имаат првиот состанок за да се изнајде решение околу иднината на СЈО, односно за законот за Јавно обвинителство.
Власта и опозицијата имаат спротивставени ставови во однос на иднината на СЈО.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неколку наврати кажа дека специјалната обвинителка Катица Јанева е неприфатлива и не може да остане на функцијата. Од друга страна лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев истакна дека Јанева ја има целосната поддршка.
Работната група на власта ќе ја сочинува Рената Дескоска и нејзиниот заменик Оливер Ристоски, додека од опизицијата претставник ќе биде адвокатот Тони Менкиновски.
Покрај Законот за јавно обвинителство, се очекува да се разговара и на другите рефорски закони.