• Latest

ИФИМЕС: Успехот на Заев и неговата влада е доказ дека промените се можни, изборот на Бајден е клучен момент за политички промени на Западен Балкан

November 25, 2020

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ИФИМЕС: Успехот на Заев и неговата влада е доказ дека промените се можни, изборот на Бајден е клучен момент за политички промени на Западен Балкан

November 25, 2020 13:25
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Политичките промени на Западен Балкан започнаа во Северна Македонија во 2017 година. Успехот на македонскиот премиер Зоран Заев (СДСМ) и неговата влада е доказ дека промените се можни“, се вели во анализата од ИФИМЕС – Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии од Љубљана.

Аналитичарите сметаат дека доаѓањето на новата американска администрација на претседателот Џо Бајден е клучен момент за политички промени на Западен Балкан.

Во најновата анализа на ИФИМЕС со наслов: Надворешната политика на новата американска администрација спрема Европа, Блискиот исток и Западен балкан, во делот за Западен Балкан, стои дека иако некои земји во регионот се претставуваат како американски сојузници, тие дури и купуваат американско оружје и ловци Ф-16, како на пример Бугарија, сепак, реалноста е поинаква. Во анализата се нагласува дека Бугарија продолжува да работи тесно со Русија, но и со меѓународните криминални организации.

„Бугарија е типичен пример за земја, која е членка на ЕУ и НАТО и која не би исполнувала ниту половина од условите за членство во ЕУ и не ги наследува високите демократски стандарди, кои се обврзувачки за членките на НАТО. Бугарија се врти во магичен круг на „политика-криминал-мафија“, а загрижува фактот што бугарската влада на Бојко Борисов е под контрола на мафијата, како што изјави бугарскиот претседател Румен Радев. Прашањето е, дали мафијата учествува во донесување одлуки или блокади на ниво на ЕУ?“, се вели во анализата.

Од ИФЕМЕС нагласуваат дека Франција и нејзиниот претседател Емануел Макрон веќе го забавија напредокот на Западен Балкан за една година, бидејќи го блокираа почетокот на преговорите на ЕУ со Северна Македонија и Албанија во октомври 2019 година, барајќи усвојување на нова методологија во процесот на пристапување за земјите кандидати. Тие нагласуваат дека новата методологија на ЕУ не претставува никаква нова додадена вредност, но ваквите опструкции за членство во ЕУ ги охрабрија оние сили на Западен Балкан кои имаат намера да ја променат геополитичката ориентација на земјите од Западен Балкан, односно да ги дистанцираат своите земји од Запад.

„Блокадата на Бугарија за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ покажува дека ЕУ нема контрола врз интеграцијата и процесите во ЕУ. Загрижувачки е што Германија и канцеларката Ангела Меркел, која во моментов е претседател на ЕУ, немаа влијание и сила да ја елиминираат блокадата на Бугарија. На ЕУ и требаат темелни реформи и правен поредок, што ќе ги елиминира сите оние кои сакаат да го запрат неопходниот развој и напредок на ЕУ со опструкција и блокада“, истакнуваат аналитичарите.

Во анализата се потенцира важноста државите да имаат закони во нивниот правен поредок кои забрануваат негирање на геноцид и холокауст, бидејќи тоа би бил вистинскиот цивилизациски начин за справување со минатото.

„ЕУ мора да биде поодлучна за брза интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, во спротивно тоа ќе го сторат некои други, со разлчни сфери на интерес, а потоа Западен Балкан ќе биде изгубен од ЕУ засекогаш.“, истакнуваат од ИФИМЕС

Ј. Ѓорѓиоски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ