По барањето на Министерството за правда до бугарските органи за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Северна Македонија, на 26.02.2021 Градскиот суд во Софија, донесе одлука да дозволи негова итна екстрадиција назад во земјата.
Барањето за екстрадиција на 10.02.2021 го потпиша Министерот за правда Бојан Маричиќ,стои во соопштението од Министерство за правда.
Поранешниот припадник на специјалните единици при МВР – Игор Спасов осуден на 14 години за убиството на Мартин Нешкоски, од денеска ќе продолжи да ја одлежува казната затвор во КПУ – Идризово. Директорот на Затворот Идризово, Јовица Стојановиќ, за МИА потврди дека Игор Спасов од пред половина час е донесен во казнено поправната установа и е сместен во затвореното одделение на овој затвор.