• Latest

Има факти, другото е отров – политички и медиумски

May 15, 2023

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Има факти, другото е отров – политички и медиумски

May 15, 2023 20:28
in ES-PRESS-O, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Им го направивме умот шашма на луѓето со контра и про изградбата на коридорите 8 и 10д и договорот со американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, па од политичките и медиумските мешетарења, многу нормално е граѓаните да не можат да распознаат што е што.

Малку ќе чепнам, а ќе искористам и факти што говорат за изградбата на овие автопатски делници и експресни патишта.

Ајде, вака, најпластично:

За неполни 5 години делницата Прилеп – Битола ќе се вози по автопат за дваесетина минути. Со експресниот до Меџитлија уште 5-10 минути и прилепчани за пола час се Грција, за 45 минути на кафе во Лерин. Грците за исто толку време на боза во Шар.

Ако Бехтел го направат автопатот Прилеп – Битола како што градат низ Косово, Албанија, Хрватска, Србија,… нема да се има чувство дека ти е скината гума дури се возиш. Кој ги возел овие патишта знае за што зборувам. Треба ли воопшто да говорам за тоа што значат модерни автопатски решение на делниците Прилеп-Битола и Гостивар-Тетово за безбедноста во сообраќајот, кога знаеме колку жртви земаат сегашниве патни решенија секоја година?

Јеби га, другари, тоа се фактите.

Другото е отров, политички и медиумски.

Што велат медиумските трибунски труби скриени како народни емисари за тоа што во следните 4 години и 7 месеци, според Договорот со Бехтел и Енка, ќе се градат по 23 километри автопат годишно, или вкупно 110 километри.

Велат: „Го праша ли некој народот дали сака автопати?“

Ова, да бидам искрен не ми се веруваше дека може да го чујам, но и тоа се случи во оние контактни емисии каде разни потплатени „народни емисари“, шират пизма за најголемиот инвестициски инфраструктурен проект од независноста на Македонија до сега.

Проценетата сума на Договорот склучен согласно посебниот закон, е на 1,3 милијарди евра. Оваа вредност е врз основа на претпоставените количини што треба да се вградат во изградбата на автопатите. Овие претпоставени количини и цените се добиени од трасата на Бехтел и Енка и физибилити студијата што ја изработи Гранд Тортон, а е потврдена и ревидирана од Градежен факултет.

Некои велат имало корупција во договорот со Бехтел и Енка.

Кратко и јасно – Ако навистина имало корупција пред да се склучи договорот, истражните органи нека ги најдат корумпираните и нека ги стрпаат во затвор. Ајде ДКСК, ЈО…!

Долговлечкачки медиумчарчиња, пак, тврдат дека скап бил надзорот за автопатите од коридорите 8 и 10д.

Кога ќе ги соочиш со реалните бројки, молчат.

Сумата за надзор во споредба со цени на надзори на други инфраструктурни проекти за патишта кај нас и во регионот е неколкукратно помала. Вредноста на надзорот е 22,3 милиони или 1,69 отсто од вредноста на договорот, што е, како што нагласуваат експертите, под просекот за надзор на вакви проекти во светски рамки.

Прочитајте ги тука фактите за Договорот и бројките за споредба на претходни делници што се граделе кај нас и во регионот.

Разбирам, изгорени сме до немај-каде досега, а има куп и легитимни прашања што се поставуваат од новинари на кои граѓаните се должни да добијат одговор од владата, но, во стомак ми се превртува од онакви душегрижници за работнички права и кои биле (пази ваму!) загрижени како се трошат парите на граѓаните, како онаа Најчевска на пример. Таа примала месечен надомест само оти е сопружничка на амбасадор (500 евра секој месец за придружник на амбасадорот, како што кажа и самата небаре се тоа цркавец пари). Е таа драги мои, што прима просечна плата на лепе очи само оти била госпоџа амбасадорка, била загрижена за парите на граѓаните и за правата на работниците?! И такви како неа, што ме вадат од чевли, ги има купишта.

Пред неколку денови кај индустриската зона во Прилеп поставена е таблата со податоците за изградбата на автопатската делница, а веднаш почнаа и подготовките и геоистражувачките работи за изградбата на автопатот. Беа таму и Америте, премиерот, вицепремиерот и министри, амбасадори и триста чуда. Груби рече: Порачувам дека ниту Мицковски не може да го запре овој проект.

Ама јбг. Артане, со мицковиве вмровци а и со тебе кога се работи за коалиции со нив, за ништо не може да сме на чисто.

Скопјани ми се жив пример за тоа како си останаа со прстот во уста, со изборот на Данела и БРТ.

Се сеќавата на актуелната скопска градоначалничка сесрдно поддржана од Мицкоски и вмровците а бога ми и од другите противкандидати што не го можеа Шилегов оти им беше, нели, арогантен? Е таа Данела за инает на Шилегов прокоцка 70 милиони евра пари обезбедени од Европска банка и ги остави скопјани без БРТ системот за брз автобуски превоз. И не само што нема БРТ, нема ни нови автобуси што ги најави Данела. Затоа си имаат редуцирани линии и невидени гужви по автобусите низ скопјето. Баш сакам да чујам што имаат да кажат сега тие што ја гласаа.

Од вакви примери ме јаде црвот.

Видете, и мене ми е преку кур од споредби и потсетувања, но тоа е реалноста, па после да не се чудиме кога ќе биде исто и со автопативе.

Ни докажаа вмрвциве што знаат да градат (750 милиони евра за споменици и стиропор во Скопје2014) и какви и како тендерираа договори за патишта („Грујо: Миле да не ја претераме со процентов со жутиве“) за оној слеп (без решенија за исклучувања) автопатот Кичево-Охрид што уште крај не можат да му фатат.

Ова со американциве сега да го споредуваме со тоа со кинезите во најмала рака е несериозно.

Што знам што да кажам, големи сте, си знаете.

Извор: Фронтлајн

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ