• Latest

Има ли комарци на Пониква?

June 17, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Има ли комарци на Пониква?

За добро владеење не е доволно она „Миле ми текна“ на Груевски. Особено за надминување на катастрофи. Каква што имавме и со која се уште живееме, а особено оние кои ги загубија најмилите или треба да се грижат за нив во догледно или недогледно време

June 17, 2025 07:30
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

И на лаиците им е јасно дека Мицковски со неговата екипа се фрлени на изнаоѓање на било какви решенија што би го стивнале гневот на оние кои го преживеаја пеколот од „Пулс“ и нивните најблиски. Двојното одбивање на понудата на СДСМ во Собранието за генерално поставување и решавање на проблемите во градот на оризот, просто не може да се оправда со ништо освен со суетата на оној кој на раката носи часовник вреден многу илјади евра. Просто не може да се очекува од таква личност било каква емпатија, бидејќи оваа „ситница“ на зглобот јасно покажува дека тој живее во некаков паралелен свет.

Всушност, ние не треба да говориме за емпатија, туку за чувство на елементарна одговорност на некој кој одлучува за судбината на два милиони граѓани!

Се гледа дека решението за неволјите и проблемите на кочанчани и уште неколку места во околината треба да се бара соодветно на проблемот. Но Владата веќе два пати одби едно такво решение и јасно е дека не сака да даде ниту денар за да го реши овој проблем, иако во меѓувреме троши без усул многу пари на сопствениот комодитет.

Се патува по странство, се земаат девизни дневници, се оди дури и групно и без било какво објаснување како одраз на потребата да се потврди она дека некој победил на последните парламентарни избори. Да тоа е точно, ама не ја претставивте сликата за себе како корисници на победничката трамбулина, туку напротив, ветувавте рационализација на сите трошоци.

И што добивме? Министерот за надворешни работи замина за Казахстан за да гледа фудбалски натпревар, а тоа го објасни како службена посета. Сопругот на министерката за финансии го искористи патот на сопругата во САД за да оди на натпревар на НБА кошаркарската лига; премиерот три пати патуваше во бизнис класа со бројна „дворјанска“ поддршка за да се открие дека ниту некој значаен го примил, ниту го ислушал, само ја следел инаугурацијата на претседателот Трамп од трибини во спортска сала. Да не останат покусо по него, албанските коалициони партнери заминаа да се сликаат крај реклама на Трамп на некоја улица во Вашингтон, а да не биде покус во себепромоцијата тогашниот министер Таравари како „испуден“ од тоа друштво, замина соло преку Океанот. Да се собере трошокот лесно може да се пресмета кој сѐ проблем во земјава можел да се реши!

И после трагедијата во Кочани тие навики си продолжија – најчесто цел беше Токио или други јапонски градови во режија на министерот за култура, одново преку слика на влегување во авиони во тајфи во кои е тешко да расчлените кој во какво својство заминал. Можеби го познавал јазикот! Да, министерот за култура е и „покривач“ на областа туризам ама треба таа додавка на функцијата да ја сфати како привлекувач на туристи кон нас, а не како давање на придонес кон надворешните дестинации и тоа во стилот – што подалеку, толку успехот е поголем: видете јас стигнав, ама ниту коленото не ме здоболе. Нели и тоа во време кога многу институции во културата немаа плати, а некои дури и заради непримање на личните доходи во траење од три месец и го губеа и здравственото осигурување. Нив никако не смее ништо да ги заболи, камо ли колената!

Повеќе од јасно е дека владејачката олигархија не ни размислуваше било што да промени барем после една таква масовна гибел и тешко повредување, некаде и инвалидизирање на најчесто млади лица. Би се очекувало таков страшен настан да има соодветен одговор во потсетување на сопствената одговорност за таа ситуација. Што кажуваат часовниците од раката на Мицкоски? Одново ли дека не е време за дребулии? Што вели науката на таквата нечувствителност?

Психијатрите би рекле дека треба да се случи катарза – сложен процес со кој потиснатите идеи се доведуваат до ниво на свеста, а потоа се усвојуваат преку преживување или вербализација. „Ова ја намалува напнатоста предизвикана од потиснати патогени искуства и непријатните емоции поврзани со нив. Исто така, може да значи каква било форма на абреакција без разлика на неговото психотерапевтско значење“.

Кај високите личности од власта абреакцијата секако би била еднаква на понесување на лична одговорност (оставката секако доаѓа во предвид) која би ја намалила напнатоста во општеството!

Еве го примерот кој е многу свеж а се случи недалеку од нас. „Брзиот воз ’Интерсити 62’ кој сообраќаше од Атина до Солун на 28 февруари 2023 година, нешто пред полноќ, директно се судри со товарен воз. Тоа се случи во близина на грчкиот град Лариса. Загинаа 57 лица, повеќето студенти кои често патувале со тој воз. Имаше и голем број повредени.

ПОТСЕТУВАЊЕ Плакат во Грција за потсетување на трагедијата која се случи пред две и пол години и по која имаше и оставка на функционер

Јавноста во таа земја збесна и бараше правда и оставки. Отпорот на власта траеше два дена. Имено, се мислеше дека постои алиби: сообраќајот на релација Атина – Солун со воз беше даден на консигнација на италијанска фирма. Таа си бирала екипаж и меѓу нив бил и свртничарот кој одел на тромесечн курс и направил – кобна грешка! Но, јавноста процени дека државата не дала ниту евро од 2017 година наваму за техничко одржување на железницата и дека и таа сноси одговорност како и да се земе, па министерот за транспорт си поднесе оставка. Тоа до некаде ја смири ситуацијата во Грција, но се покажа дека оној кој дал оставка (Ахилеос Караманлис) на следните избори, после само два месеци, добил можност одново да се активира (да стане пратеник) во рамките на својата партија Нова демократија! И немирите се реактивираа, а посебно беа жестоки протестите овој февруари, на годишнината од трагедијата кај Лариса, кога целата земја се дигна на нозете. Но тоа е земја која, освен што е на Балканот, немаше само една новинарка на пресовите на владините функционери и тоа, да појаснам, онаа дописничка од Ал Џезира (Милка Смилевска) која има… како да кажам… доблест да ги поставува најдиректните прашања, оние кои ги говори народот по пазарите, во домовите, а секако и на улиците на Кочани.

Што да се очекува од оваа наша Влада по повод трагедијата во Кочани? Најпрвин таа се грижи, од утрото кога ја прими кобната вест, како да се ишне одговорноста од сопствениот двор, што подалеку, толку подобро. Потоа, од инает да се сопре било каква финансиска помош каква што се очекуваше, онака раскомотени од сабајле, па понекогаш се добива впечаток, просто од инает дека некој му ја нарушил на владетелот преку настанот (жртвите!) комоцијата во самовластието!

Најавата дека Владата планира да го отстапи одморалиштето „Пониква“ како објект за продолжена медицинска нега и рехабилитација на повредените во трагичниот пожар во Кочани отвора сериозни прашања околу професионалноста, одговорноста и капацитетите на институциите, заклучи и опозицијата. Најпрвин со ова се потврдува дејка Владата не сака да учествува финансиски во тој проект, туку како што вели Мицкоски, тој само издејствувал во разговори со ЕУ, оттаму да се покрие финансиски проектот на оживување на одамна „мртвиот“ објект за одмор и неговото претворање во таканаречен санаториум. Пресудна не е логиката или конкретната потреба на кочанските семејства, туку фактот дека некој друг решил да го плати цехот! Ова секако најнапред паѓа во очи. Па директорот на ФЗО веќе изјави дека неговите каси се празни.

Наместо да биде акт на грижа, оваа одлука изгледа како импровизација на сметка на здравјето на веќе трауматизирани и повредени граѓани.

И потоа дојде и прашањето – дали „Пониква“ е навистина погодна за медицинска нега? Го поставија во СДСМ, покрај констатацијата дека одморалиштето „Пониква“ е објект стар повеќе децении, наменет за одмор и рекреација, а не за медицински третман. Дали воопшто е проценето дали објектот ги исполнува техничко-технолошките стандарди, хигиенските и стерилни услови кои се минимално потребни за лекување на лица со изгореници и психофизички трауми?

Оттаму потсетија дека постојат специјализирани капацитети како Јасеново, Отешево, Лешок, па дури и делови од постојните клиники и болници кои можеа да бидат пренаменети и опремени. Зошто ниту еден од овие капацитети не беше земен предвид? Зарем здравствениот систем не знае со што располага?

Бидејќи не е доволно она, би рекле „на Миле му текна“ што како модел на владеење го имаме од Груевски во партијата која победи на последните избори.

Дали е ова одговорно институционално решение или само евтин пи-ар?

Веќе еднаш пишав – кое е тоа место каде треба да се пресели цел град?

И знаат ли тие „на кои им текна“ дека – на пример – на оние кои ќе одат на рехабилитација таму не смее да ги касне комарец или да се појават на сонце, а камо ли да влезат во шума каде крвопијците ги има во роеви…

ПС. Комарците во насловот не се ниту случајни, ниту се некоја шега. Странските експерти алармираа дека пациентите со изгореници не смеат да бидат каснати од комарци и други инсекти. Никако! А на Пониква ги има како да е нивната престолнина.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА.
Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ