• Latest
Никица Корубин

Има само една „вистина“

July 14, 2022

Унгарија се повлекува од Меѓународниот кривичен суд

May 20, 2025

Србија ѝ дава на Украина финансиска поддршка од 35 милиони долари

May 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на Straight Arrow News

Русија ја прогласи Амнести Интернешнл за „непожелна организација“

May 20, 2025

Лорд Џејмс Арбутнот: Украина стои на наше место против глобалната закана

May 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Велика Британија, Франција и Канада се заканија со конкретни акции против Израел поради воените операции во Газа

May 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
CNN-News18

Израел дозволи влез на помош во Газа по 11-неделната блокада, ОН го нарече тоа „капка во океанот“

May 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на Hindustan Times

По разговорот со Трамп, Путин сè уште одбива целосно примирје, повторно ги наведува руските „коренити причини“ за војната во Украина

May 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на Hindustan Times

Русија и Украина веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот, објави Трамп по двочасовниот разговор со Путин

May 19, 2025

24 ЧАСА: Уставен остана без судија; Љубчо Георгиевски за општеството на српска страна за геноцидот во Сребреница; Антимигрантска параноја; Романија избра проевропски претседател

May 19, 2025
Фото: ЦивилМедиа

Конференцијата „Сребреница – совеста на светот“, на 30 годишнината од геноцидот во Сребреница – демократски одговор на антицивилизациското негирање на геноцидот

May 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Има само една „вистина“

Малку антибугарство, малку антиалбанство, тоа ли е идентитетот што се брани? Или тоа е само рамката во која секоја лага ќе звучи како вистина. Секоја лага има крај, ама со последици. Кои последици, треба да ги предизвика оваа лага? Тоа е главното прашање, на кое никој до сега не даде одговор.

July 14, 2022 07:00
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Никица Корубин

Никица Корубин

Share on FacebookShare on Twitter

НИКИЦА КОРУБИН

Така некако звучи целиот пеколен наратив денови, наречен одбрана на идентитетот. И со таа „една вистина“ во лажно демократски манир се бара поголема транспарентност и широка дебата за „францускиот предлог“. Зошто? За да се дискутира таму каде што всушност и нема дискусија или триумфално да се потврди „вистината“? А, која е „вистината“ и со каков метод е дојдено до неа?

Со најефикасниот можен метод: фобија и омраза. Чист нагонски сентимент. Како совршен пример како функционира пропагандата. Креирате рамка преку константно повторување на неколку фрази „идентитетот ни е загрозен“, „јазикот ќе ни го земат“, „ќе влеземе како Бугари“, „ЕУ ќе нѐ бугаризира“, „ЕУ не ни треба“ и секакви варијанти и подваријанти на темата; рамка во која ќе се движи секоја сегашна и идна „дискусија“. И во таа дискусија што правите, со овие правила и маркери? Па, се разбира, го барате ѓаволот во деталите, секоја реченица, секој факт го читате и примате низ точно поставената рамка, ниту милиметар подалеку. Но, кој е ѓаволот? Бугарија се разбира. „Бугари, Бугарија, Бугаризација“ е всушност синоним за злото, тоа треба по автоматизам да предизвика емотивна реакција без размислување, на кое потоа совршено ќе се вклопи било која лага.

За да се изгради ваква „рамка на лагата“ и за во неа да може да се негува омразата и фобијата, треба сериозна медиумска и јавна поддршка. Која, се разбира, е достапна месеци наназад, а за „емотивната компонента“, антибугарството и години наназад. „На услуга и задача“ се ставија многу медиуми, експерти, аналитичари, партии, „јавност“ од секаков профил. На услуга на каузата, „одбрана на идентитетот“, ама идентитет кој ги задоволува само горенаведените критериуми: „Без излегување од рамката, да не се шири темата, држете се до наративот.“ Тоа е суптилната порака која се исчитува, па затоа и секоја комуникација на темата „француски предлог“ е како комуникација со ѕид, не поради силината, туку поради заблудата. Исти реченици, исти пораки, ист гнев. Прототип на „бранител на идентитетот“. Во функција на … одбраната? Да, ама на што? На уништување на сечија иднина.

И затоа, секоја лага треба да стане вистина, затоа што лесна е таа вистина која почива на лаги. Па, секакви вратоломии и предлози циркулираат во тој првичен смислен хаос, со шмек на многу омраза и малку или никакво знаење. И кој е одговорен за оваа „света војна“, за оваа изнасилена „идентитетска“ претстава, за оваа киднапирана и узурпирана приказна, за оваа „дозволена рамка“ со однапред познати правила; се препознаваат ли тие и свесни ли се за последиците што секојдневно брутално ги создаваат? За која „вистина“ се борат, а за која „вистина“ манипулираат? Само тие ли имаат право на „вистината“, а последователно и на „одбраната“? Ама, тоа не се прашања во пропагандата, бидејќи таа не прашува, туку наметнува.

И затоа никому и не треба дебата надвор од рамката. Каква Преговарачка рамка, заклучоци или протокол, тие документи и никому не требаат кога нивното „читање“ е веќе апсолвирано низ антибугарска, а се чини и антиевропска визура. „Идентитетот“ е само алатката и правилото на рамката „има само една вистина“. И тоа е единственото точно, навистина има само една вистина, ама како и секоја друга, базирана на факти, а не „нарачано толкување на истите“. И таа вистина е вистинскиот страв, поради кои се поттикнуваат сите останати фобии. Малку антибугарство, малку антиалбанство, тоа ли е идентитетот што се брани? Или тоа е само рамката во која секоја лага ќе звучи како вистина. Секоја лага има крај, ама со последици. Кои последици, треба да ги предизвика оваа лага? Тоа е главното прашање, на кое никој до сега не даде одговор. Зафатени се со „одбрана на идентитетот“, гласни во бучавата која сами ја создаваат, за случајно во тишината некој да не се сети на вистинското прашање.


Текстот е личен став на Авторката.
Прочитајте и:
Купување време…
Србофилијата на испит, што доколку Србија се сврти кон ЕУ?
ДИСТРИКТ: Интевју на Зоран Иванов со Никица Корубин
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ