• Latest
Никица Корубин

Купување време…

July 4, 2022
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Купување време…

July 4, 2022 17:05
in СЛОБОДНА ЗОНА, СТАВОВИ, ТОП 5
Никица Корубин

Никица Корубин

Share on FacebookShare on Twitter
пишува НИКИЦА КОРУБИН
Купување време…

 

Така некако звучат изјавите на помалите коалициони партнери во власта, кои во совршен популистички и анти-либерален манир се “загрижени” за идентитетот и историјата. Од оние од кои теоретски треба да се очекува најпрогресивен став, затоа што праксата никогаш и не ја следела теоријата кај нас, има само “сакам да кажам, ама не знам да речам” или наједноставната метафора “седење на две столици”.

И притоа двете столици не се власт или опозиција, туку калкулација или страв. И секогаш се бира калкулацијата. Бидејки на другата страна е стравот, стравот од јасен став, таа децениска болка на македонската политика.

И за разлика од сестринските европски партии, од либерална и зелена провиниенција, кои редовно имаат јасен и концизен став за најтешките прашања, никако тоа да го превземат нашиве локални, кои се чини се согласуваат со прогресивноста и одлучноста на европските колеги само декларативно и појавно. Кога ќе се појават на нивните конгреси. Дома, прогресивноста запира со првиот “судар” со непопуларните одлуки. Храброста е видлива само кога нема потенцијални реперкусии и последици, само тогаш кога е безбедна, по безбедната нетурбулентна позиција.

Но, за што всушност ним или на некој друг, им треба времето, што вака невешто го купуваат? Приказните за македонски превод, достапноста и “можноста” за промени влегуваат во она “невешто” купување време. Особено за директни учесници во ратификувањето и гласањето и на двата договора и на уставните измени; а особено кога сестринските партии го даваат и известувачот за Северна Македонија на ЕУ, тешко дека некој ќе го проголта, наводното непознавање на процесот на отпочнување на преговори и особено кому кој документ е наменет.

Кога ќе го купат сето потребно време, сепак на крајот ќе останат парадокс на политичката сцена. Како и многу други, впрочем, со тоа што овој парадокс е премногу очигледен, затоа што тешко може да се сокрие позади насловот либерално и прогресивно, очигледниот конзервативизам во површното разбирање на политиката, како обичен пазар, во кој што се’ е предмет “на преговори”, а особено прашањата со “најголем влог”. И затоа џабе сето време на овој свет, кога основниот политички светоглед и свест за позицијата е локален и субјективизиран. А, што да се прави со политика без идеја и идеологија, освен да се присвојува.


Текстот е личен став на Авторот.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ