Барањата за предвремени избори не произлегуваат од демократска потреба или политичка одговорност, туку од обид за зачувување на постојниот партиско-клиентелистички систем, предупредува Џабир Дерала во колумната „Предвремени избори за одржување на режимот“.
Наместо вистински реформи, институционална стабилност и слободен политички натпревар, изборниот процес се користи како механизам за одржување на режимски практики, контрола врз институциите и манипулација со јавноста. Акцентот во колумната е ставен на злоупотребата на изборната реторика за продолжување на кризата на демократијата и задушување на критичката јавност.
Во услови на козметички измени во Изборниот законик, длабока корупција, елитен криминал, поддршка од олигархијата и авторитарните центри на моќ, силна партиска контрола врз институциите, медиумите, правосудството, парламентот и локалната власт – Мицкоски е во голема предност. Во такви услови, изборите не се демократски натпревар, туку политички менаџиран процес со однапред создадена структурна предност за власта.
Вистински демократски процес е можен само со слободни институции, еднакви правила за сите и политичка волја што ќе ги стави јавниот интерес и демократијата пред партиските калкулации, може да се заклучи од колумната на Дерала.
Кога власта ги контролира институциите, правилата и наративот, изборите стануваат операција за одржување на режимот. И ништо повеќе.
Прочитајте повеќе:












































