• Latest

Предвремени избори за одржување на режимот

May 6, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Предвремени избори за одржување на режимот

Режимот брза пред пукнатините да станат бездна

May 6, 2026 10:22
in КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала

Во услови на политички ќорсокак, закочени ЕУ интеграции, партизирани институции, ослабени медиуми, контролирано правосудство и растечка сиромаштија, премиерот Христијан Мицкоски, навидум патем, повторно ја отвори темата за избори. Дали навистина се подготвува за предвремени парламентарни избори или само ја тестира јавноста и политичките актери, засега не е сосема јасно. Но симптомите се тука.

Земјата е заглавена во политички, општествен и економски ќорсокак. Без разлика колку власта ќе се обидува да ја префрли вината на претходниците, меѓународните околности или „предавниците“, факт е дека Северна Македонија влегува во сѐ подлабока изолација, сиромаштија и институционална ерозија.

Кога министерот за правда, Игор Филков, ја формираше работната група за измени на Изборниот законик, тоа само по себе не мораше да значи дека власта се подготвува за избори. Но моментот кога – наспроти долгогодишната пракса – стана очигледно дека тој процес е затворен за релевантни граѓански организации и експертски структури, стана јасно дека не се бара демократски консензус, туку контролирање на процесот.

Едностраното укинување на преодната „пржинската“ влада открива многу повеќе отколку што власта сака да признае. Механизмот беше создаден како минимум заштита од изборни злоупотреби по долгата ера на заробени институции. Неговото укинување не е знак на демократска зрелост, туку порака дека власта повеќе не прифаќа ни формална контрола врз изборниот процес. А тајмингот тешко може да се смета за случаен.

Засилената антибугарска реторика одамна не е само спор со Софија. Таа е недекларирана, но сѐ поочигледна анти-ЕУ политика. Истовремено, континуираниот притисок врз албанскиот политички фактор, проследен со институционално поткопување на веќе стекнатите права, дополнително ја продлабочува кризата. На тоа се надоврзуваат популистичка реторика, симулација на реформи и евтини политички спектакли што треба да создадат впечаток на дејствување, додека државата стагнира.

Во регионот и Европа се случуваат сериозни политички поместувања. Виктор Орбан падна во Унгарија по историскиот пораз од Петер Маѓар. Но прорускиот играч Румен Радев однесе убедлива победа во изборниот процес, осми по ред за пет години, со изгледи за стабилна влада, но неизвесни позиции во однос на политиките на Брисел. Така што, во поглед на единството на ЕУ имаме нерешен резултат во регионот со нестабилен и противречен европски пејзаж во кој битката за единство на ЕУ далеку од тоа дека е завршена. Сепак, интересен пресврт гледаме во Словачка, каде што премиерот Роберт Фицо направи драматичен пресврт и сега зборува за поддршка на Украина и европско единство.

Пукнатините во режимот на Мицкоски веќе не можат да се прикријат. Сиромаштијата, изолацијата и растечкото незадоволство полека ја нагризуваат сликата на монолитна и непобедлива власт.

На домашен план, СДСМ станува сѐ погласен, а во албанскиот политички блок не заостанува ни опозициската ДУИ. Иако анкетите (ако воопшто некој им верува) сѐ уште му даваат значителна предност на Мицкоски и неговата влада, политичкото расположение може брзо да се промени. Сиромаштијата, ароганцијата на власта и чувството на безизлезност имаат свој политички рок на траење.

Токму затоа не е невозможно Мицкоски и неговата клика да брзаат кон предвремени избори, додека бројките сѐ уште можат да се претворат во нов мандат. Целта би била јасна – да се капитализира сегашната предност и да се обезбеди уште еден четиригодишен мандат, дури и со помало, но доволно парламентарно мнозинство за формирање влада.

А шансите за успех на еден таков план не се мали. Во услови на козметички измени во Изборниот законик, длабока корупција, елитен криминал, поддршка од олигархијата и авторитарните центри на моќ, силна партиска контрола врз институциите, медиумите, правосудството, парламентот и локалната власт – Мицкоски е во голема предност. Во такви услови, изборите не се демократски натпревар, туку политички менаџиран процес со однапред создадена структурна предност за власта.

Кога власта ги контролира институциите, правилата и наративот, изборите стануваат операција за одржување на режимот. И ништо повеќе.

 


Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ