• Latest
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026 10:59
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ
Реакции - идентитет

Фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Прашањето на денот што го постави ЦИВИЛ „Која е вистинската причина што владата не спроведува уставни измени?“ – предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Голем дел од коментарите се исполнети со револт, недоверба кон власта и убедување дека политичките елити намерно го блокираат евроинтеграцискиот процес за да избегнат реформи, контрола и одговорност.

Дел од граѓаните сметаат дека и власта и опозицијата „го лажат народот со патриотизам“, додека суштинската причина за застојот е стравот од европски стандарди во судството, борбата против корупцијата и финансиската контрола.

„ЕУ е контрола на парите од буџетот и минимум корупција. Затоа не сакаат во ЕУ“, гласи еден од коментарите.

Други коментатори оценуваат дека политичарите профитираат од нефункционални институции и отсуство на правна држава:

„Сакаат башибозук, а не ред. Да може да си ги полнат џебовите без никаква отчетност.“

Во реакциите често се споменува и стравот дека европската интеграција би значела длабоки промени во судството, работничките права и јавната администрација.

„Ако влеземе во ЕУ ќе има нов систем во судството, работнички права, чиста околина и контрола на корумпираните.“

Дел од граѓаните сметаат дека прашањето за уставните измени се користи за одржување на политичка мобилизација и продлабочување на стравовите околу односите со Бугарија.

„Постојано ги верглаат Бугарите како вечита опасност, а реално не сакаат контрола врз судството и финансиите“, наведува еден граѓанин..

Во дискусијата се отвори и прашањето за односот на Бугарија кон малцинските права. Дел од коментарите потсетуваат на пресудите на Европскиот суд за човекои права  и препораките на Венецијанската Комисија поврзани со непризнавањето на малцинствата во Бугарија.

Меѓу реакциите има и остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски, за кого дел од учесниците во дебатата сметаат дека политички опстојува преку националистичка реторика и одложување на реформите.

Сепак, коментарите ја покажуваат и длабоката поларизација во јавноста. Додека едни ги гледаат уставните измени како неопходен чекор кон европска интеграција, други ги доживуваат како закана за националниот идентитет и дополнителен притисок врз државата. Затоа не изостануваа и коментари против менувањето на Уставот и негативни конотации кон сите оние кои во коментарите делуваат проевропски.

Б. Ј.


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ