• Latest

Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

May 4, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

May 4, 2026 07:15
in ES-PRESS-O, ЕВРОПСКА УНИЈА, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Светскиот ден на слободата на медиумите (3 мај) е воспоставен од ОН во 1993 година, врз основа на Декларацијата од Виндхук. Таа ја нагласува клучната улога на слободниот и независен печат за развојот на демократијата и економијата.

Сепак, во 2026 година, овој ден за Македонија не е само јубилеј, туку сериозен потсетник за недовршените задачи. До јуни оваа година, Македонија мора да покаже „чисти сметки“ според ЕУ Реформската агенда поврзана со Планот за раст доколку не сака да дојде до блокирање на исплатата на сите предвидени милиони евра. Првиот столб – Владеење на правото и фундаментални вредности, во делот каде се сместени медиумите ова подразбира:

– Стабилно и независно финансирање на јавниот сервис (МРТ) со цел намалување на политичкото влијание врз уредувачката политика.

– Зајакнување на капацитетите и независност на АВМУ која мора да стане отпорна на политички влијанија преку транспарентен избор на членови на Советот, базиран на мерит-систем, а не на партиски клуч за да може ефикасно да го мониторира медиумскиот пазар.

– Вистинска, а не само формална заштита на новинарите од институциите. ЕУ инсистира на правна заштита од т.н. SLAPP тужби (стратешки тужби против учество на јавноста), кои моќни поединци ги користат за економски да ги исцрпат и замолчат новинарите. Со ова се вклучуваат механизми за брзо отфрлање на неосновани тужби против новинари, со цел намалување на автоцензурата предизвикана од страв од високи парични казни и долгогодишни судски процеси.

– Слободата на говорот не смее да биде само „штиклирана обврска“ за извештаите од Брисел.

И додека глобалниот фокус годинава е на мирот и вештачката интелигенција, за нас приоритетот останува ист: финансиска и уредувачка независност.

Новинарството има смисла само ако нуди објективна слика за реалноста. Ширењето дезинформации и недостигот на професионализам ја поткопуваат довербата на јавноста. Единствениот начин да се заштитиме од „спинови“ е преку поддршка на независното новинарство, кое е ослободено од политички и бизнис притисоци врз уредувачката политика.  Затоа што се работи за јавен интерес – и многу повеќе од тоа.

Слободата на медиумите не е подарок за новинарите, туку право на граѓаните да бидат информирани.

Соња Ефтовска

 


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ