• Latest
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026 14:50
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕВРОПА, КОНФЛИКТИ, ТОП 5
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

Share on FacebookShare on Twitter
  • Продолжува теророт на рускиот агресор врз Украина веднаш по истекот на краткотрајната „делумна тишина“, со масовни напади со дронови и воздушни удари врз повеќе украински региони.
  • Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Русија „сама избрала“ да ја прекине тишината, додека украинската дипломатија повикува на континуиран меѓународен притисок врз Кремљ.
  • Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, во објава на X го нагласи континуитетот на руските напади и потребата од постојан притисок врз Кремљ.

Агресорот во текот на ноќта изврши нов масовен напад врз Украина, само неколку часа по истекот на тридневниот режим на „делумна тишина“, кој важеше од 9 до 11 мај. Според украинските власти, Русија лансирала повеќе од 200 дронови кон украински цели, при што биле погодени цивилни објекти, енергетска инфраструктура, станбени згради, градинка и железничка инфраструктура. Украинските воздухопловни сили соопштија дека од 216 лансирани дронови, 192 биле соборени или неутрализирани.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија „самата избра да ја прекине делумната тишина што траеше неколку дена“. Според него, во нападите биле употребени повеќе од 200 ударни дронови, а на фронтот повторно биле користени воздушни бомби, со повеќе од 80 фрлени бомби и над 30 регистрирани воздушни напади. Зеленски наведе дека украинската противвоздушна одбрана соборила дронови над Днипропетровската, Житомирската, Миколаивската, Сумската, Харкивската и Чернихивската област, како и над Кијив и Кијивската област.

„Русија мора да ја заврши оваа војна, и токму Русија мора да го направи чекорот кон вистински, траен прекин на огнот“, порача Зеленски, додавајќи дека Украина претходно јасно ставила до знаење дека ќе одговори соодветно на руските дејства. Во нападите има повредени, а украинските власти пријавија и загинати лица.

Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига, соопшти дека Кијив предложил продолжување на делумниот прекин на огнот и по 11 мај, но Москва одговорила со ескалација. Според неговата изјава, Русија ноќта по истекот на режимот на тишина лансирала над 200 дронови, насочувајќи ги нападите кон цивилна инфраструктура, меѓу другото и кон една градинка, при што има најмалку еден загинат и повеќе повредени.

Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, во објава на X го нагласи континуитетот на руските напади и потребата од постојан притисок врз Кремљ.

„1539. Денес рф продолжи со својата делумна тишина со напади со дронови и воздушни напади врз Украина. Континуираниот притисок врз рф мора да го принуди кремљ да ја запре војната. #RussiaIsATerroristState“, напиша амбасадорката Дир.

1539. Денес рф продолжи со својата делумна тишина со напади со дронови и воздушни напади врз Украина. Континуираниот притисок врз рф мора да го принуди кремљ да ја запре војната. #RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/A4yPdWzjfK

— Larysa Dir (@dir_larysa) May 12, 2026

Украински извори за ЦИВИЛ Медиа информираат дека нападите следуваат по период во кој, според украинските власти, немало големи воздушни удари, но борбите на фронтот не запреле. Зеленски уште претходно предупреди дека на фронтот „нема тишина“ и дека Украина ги документира прекршувањата, додавајќи дека Русија „нема намера да ја заврши оваа војна“ и дека подготвува нови напади.

Во Кијив, остатоци од соборен дрон паднале врз покрив на 16-катна станбена зграда во северниот дел на градот, предизвикувајќи пожар, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко. Во Кијивската област, удар со дрон предизвикал пожар на покривот на градинка и оштетил прозорци на блиска станбена зграда. Штети се пријавени и во други региони, вклучително Черкаси, Житомир и Чернихив.

Европската Унија во меѓувреме воведе санкции против 16 руски функционери и седум институции обвинети за учество во незаконското депортирање, присилно префрлање, асимилација, индоктринација и милитаризирано образование на украински деца. Според европските институции, од почетокот на целосната руска инвазија во 2022 година, околу 20.500 украински деца биле незаконски депортирани или присилно префрлени во Русија или на територии под руска окупација.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека динамиката на војната се менува во корист на Украина, посочувајќи ги големите руски загуби, украинските длабински удари врз руски цели и намалениот обем на руската воена парада. Но, таа предупреди дека „нема простор за самозадоволство“.

Последните напади повторно ја потврдуваат украинската позиција дека Москва го користи јазикот на примирјето и преговорите додека продолжува да напаѓа цивилни цели и инфраструктура. За Кијив, пораката останува јасна: прекинот на војната зависи од Русија, а меѓународниот притисок врз Кремљ мора да продолжи сѐ додека агресијата не запре.

Џ. Дерала

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ