• Latest
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

May 10, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

May 10, 2026 13:11
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Војо Маневски

Вечната тема во разговорите во Македонија е – кога ќе има избори. Имаме впечаток дека сѐ ни зависи од изборите. Секако за политичарите и партиските членови тоа е императив од кој зависи како ќе живеат ама се помалку тоа има значење за граѓаните кога се работи за подобрување на нивниот стандард. Општата стерилизација на политичките идеи и носители на политички активности е евидентна. Имаме впечаток дека само се менуваат лицата и реториката која ја употребуваат во зависност од тоа дали се власт или опозиција.  Дури и идеолошките премиси ги измешаа па сега не сме сигурни кој за какови вредности се залага. Како во филмот на Дејан Шорак – „мала пљачка влака“, каде носителите на разбојнички активности си ги менуваат униформите во зависност од тоа кој  цар е на власт, ама дуќанот не го затвораат.

Има едно генијално споредување на состојбите кај нас со велосипед на детско игралиште. Сите го чекаат своето кругче за возење, ама никој не знае, ниту сака да ја замени гумата кога ќе се дупне.

Изгледа проблемот е во самиот поим „избори“. Кај нас тоа убаво и многу точно се нарекува „гласање“. Значи, ние гласаме затоа што тоа ни е должност по некоја основа, ама притоа не ни е овозможено да избереме. За вистински избор е потребна квалитетна понуда и се избира понудата за која мислиме дека е најдобра. Ако немаме добра понуда, тогаш го пополнуваме ливчето и гласаме свесни дека немаме можност за квалитетен избор.

Кога ќе бидат изборите за Пратеници во Собранието на РСМ ќе одлучат оние што ја имаат таа моќ. Ако чекаме како граѓани политичките  партии да предложат подемократски изборен модел, каде ќе можеме да избираме квалитет, тврдам дека тоа нема да се случи. Не зависи тоа од шефовите на партиите, иако така изгледа. Структурата на политичките партии е клиентелистичка и ако се чепне таму слабите резултати се извесни. Имаме пример на последните избори. Зошто некој, кој се начекал да дојде ред да направи кругче со „точакот“ би го менувал редоследот и тоа да значи дека тој никогаш нема да може да направи круг со него низ „наше маало“.

Останува заспаната јавност да врши притисок за добра припрема на следните избори за да имаме право на избор, а не само да гласаме.

Овој состав на Собранието може да го оправда својот мандат ако веќе со почетокот на ова лето ја почне постапката за донесување на неколку закони. Да се започне со законот за потекло на имотот. Да не се мачат многу бирократите по министерството за правда и професорите од правен што се дел од таквите комисии за спремање на законскиот текст, може да го земат романскиот Закон за потеклото на имот и посебно Законот за потеклото на имот на носителите на јавни овластувања. Ковеши ќе ја повикаме како пренесувач на искуства како се процесираат заради корупција околу 27 носители на власт и на корупција.

Може и хрватскиот закон да го разгледа стручната јавност, ама мора да се донесе таков закон, наместо сегашниот кој изгледа е донесен за да  не може да се применува.

Втор закон што итно треба да се донесе и со силна дебата во општеството е Законот за политичките партии кој ни е потребен одамна. Со тој закон треба да се регулира формирањето и делувањето на политичките партии како демократски друштва со однапред предвидени демократски правила, а не да имаме султан партии каде внатрешните документи се израз на волјата на шефот на партијата и зацврстување на неговата партиска власт. Знам дека тоа за салонските либерали е неприфатливо, затоа што тоа било ограничување на правата на политичко организирање, ама тврдам дека ако во овој сегмент не се стави задолжителност на демократските институти и постапки, кој знае дали ќе остане било каков простор за политичко делување на истите тие што овој предлог го критикуваат.

Според мене, истовремено би требало да се предложат измени во Изборниот законик. И овде ако чекаме да го направат тоа политичките партии тоа ќе биде на „куково лето“. А и зошто би го направиле тоа? Со овие правила и овој законик ним им е добро. Чекаат да дојде редот за нивното кругче .

Едно изборна единица е декларативна заложба иако тешко ќе се откажат од своите вилаети каде сѐ им е познато и што е најважно таму им се тимарите и спахилуците. Секоја измена може да ги доведе во опасност тие придобивки.

Отворени изборни листи, начинот на пресметување на распоредот на кандидатите кои ги избрале граѓаните, не е атомска физика па да не можеме да ја разбереме како граѓани и да нѐ убедуваат дека е премногу компликувано. Тие станаа министри со партиска интелигенција и дипломи, а граѓаните не можеле да научат како да го изберат својот претставник? Има време до изборите и курсеви за граѓаните можат да се направат. Освен ако веќе се спремаат за избори токму поради причините кои ги наведов како нужни за да ги заобиколат уште барем овој круг. Да не заборават дека, ако се дупне гумата на точакот ќе возат на бандаж и после тркалото е неупотребливо.

Ние, почитувани сограѓани, сме велосипедот или само неговото тркало со седиштето над него?

 


Војо Маневски е долгогодишен новинар и уредник, политички аналитичар и колумнист во медиумската платформа на ЦИВИЛ | ЦИВИЛ МЕДИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ