• Latest

РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

May 6, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

May 6, 2026 14:45
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

По сто дена од имплементацијата на владината иницијатива „Безбеден град“, јавноста останува длабоко поделена околу тоа дали сообраќајот навистина станал побезбеден или само построго контролиран.

На ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: 100 дена „Безбеден град“ на власта. Дали се чувствувате побезбедно? Зошто? што ЦИВИЛ го постави на Фејсбук, граѓаните споделија искрени, често контрадикторни искуства – од поддршка за засилените мерки, до остри критики за селективна правда и недостиг од сообраќајна култура.

Дел од коментарите упатуваат на сомнежи дека системот не ги погодува сите еднакво:

„Сите оние кои ги правеа проблемите по улиците низ Скопје се од некого поддржани… или дебело нафатирани. Баш им е гајле – си плаќаат казни и си тераат животот“, вели еден граѓанин, алудирајќи на неказнивост на привилегираните.

Други, пак, го опишуваат личното чувство на несигурност зад воланот, и покрај новите мерки:

„Од желба да ја контролирам брзината, се деконцентрирам гледајќи во брзиномерот и се плашам од ‘каубојци’ што ме претекнуваат и од лево и од десно.“

Има и порадикални ставови, кои ја доведуваат во прашање ефективноста на финансиските казни:

„Треба да се тепаат со пендреци – финансиска казна на овие разгалени деца од милионери не функционира.“

Сепак, некои граѓани забележуваат позитивни промени и ја поддржуваат засилената контрола:

„Јасно е дека сообраќајот е побезбеден! Ако работи како што треба, ќе си дојде народот на памет – истиот народ е и надвор, ама таму казната стигнува веднаш.“

Други повикуваат на дополнителни мерки:

„Треба да појачат уште малку – плус некоја камера.“

Но, критиките не изостануваат, особено за недоследноста во спроведувањето на правилата:

„Не сум задоволен – има неконтролирано возење од мотори и тротинети, а полицијата не презема ништо.“

Исто така, дел од јавноста смета дека безбедноста не може да се сведе само на технички решенија:

„Безбедност во сообраќајот не значи и ‘безбеден град’.“

Политичката призма, според некои, и натаму ја одредува перцепцијата:

„Задоволни или не – зависи од која партија си. Кај нас сите работи така се гледаат.“

И покрај различните ставови, заеднички именител во реакциите е чувството дека проблемот е подлабок – и дека покрај казните и камерите, неопходна е суштинска промена во однесувањето и еднаков третман за сите учесници во сообраќајот.

„Не помага многу – ќе си плати казна и пак исто“, се резимира во еден од коментарите.

Сто дена подоцна, „Безбеден град“ очигледно отвори повеќе прашања отколку што даде одговори – особено кога станува збор за довербата на граѓаните во системот и неговата правичност.

Б. Ј.


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ