• Latest
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026 21:00
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕВРОПА, ТОП 5
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Share on FacebookShare on Twitter
  • 800+ дронови врз цивилни цели, најмалку шест загинати, десетици повредени цивили 
  • Амбасадорката Дир: „Има загинати и повредени меѓу цивилното население“
  • Претседателот Зеленски предупредува дека агресорот го темпира нападот во момент на важни меѓународни дипломатски активности
  • Министерот Сибига порача дека руските нападите се уште еден доказ дека изјавите на Кремљ за можен крај на војната се празни
  • Калас, ЕУ: „Не може да има праведен и траен мир без одговорност за Русија“

КИЈИВ, 13 мај 2026 – Русија во текот на денот изврши еден од најмасовните дневни напади со дронови врз Украина, при што се лансирани најмалку 800 дронови од полноќ наваму, а нападите продолжија во бранови и во вечерните часови. Според последните достапни информации, загинаа најмалку шест лица, а десетици се повредени, меѓу нив и деца. Цели на нападите се критична инфраструктура, железнички објекти, енергетски капацитети, станбени згради и цивилни населби во повеќе украински региони.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека станува збор за „еден од најдолгите масовни руски напади врз Украина“ и предупреди дека, според украинското разузнавање, Русија може да ги искористи брановите дронови за исцрпување на украинската противвоздушна одбрана пред евентуални нови ракетни напади. Зеленски оцени дека Москва намерно го темпира нападот во момент на важни меѓународни дипломатски активности, со цел повторно да ја наметне својата воена агенда во глобалниот фокус.

Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, во објава на X информира дека руски дронови нападнаа објекти на цивилната инфраструктура и станбени населби во Одеската, Запоришката, Харкивската, Херсонската, Черкаската, Полтавската, Хмелницката, Ивано-Франкивската, Ривненската, Закарпатската област и во Кијив.

„Има загинати и повредени меѓу цивилното население“, напиша амбасадорката Дир.

Руски дронови нападнаа објекти на цивилната инфр-ра и станбени населби во Одеската, Запоришката, Харкивската, Херсонската, Черкаската Полтавската, Хмелницката, Ивано-Франкивската, Ривненската, Закарпатската области и во Кијив. Има загинати и повредени меѓу цивилното население. pic.twitter.com/IoPzTap0vF

— Larysa Dir (@dir_larysa) May 13, 2026

Според Ројтерс, украинската железничка инфраструктура е погодена најмалку 23 пати во текот на нападот, со оштетувања на возови, депоа и мостови, но сообраќајот не бил прекинат. Украинската компанија „Нафтогаз“ соопшти дека руски удари оштетиле два нејзини објекта во Харкивската и Житомирската област. Во Ривненската област загинале три лица, а шест биле повредени, додека во Одеса и Херсон биле пријавени најмалку девет повредени.

Особено силни удари се регистрирани во западните региони на Украина, во близина на границите со земји членки на ЕУ и НАТО. Гувернерот на Закарпатската област изјави дека регионот го доживеал најтешкиот напад од почетокот на руската целосна инвазија во 2022 година. Според украинските воздухопловни сили, руските дронови користеле и правци преку териториите на Белорусија и Молдавија, а Полска превентивно подигнала борбени авиони поради воздушните напади врз Украина.

Украинската воена разузнавачка служба ХУР оцени дека нападот бил дизајниран да ја преоптовари украинската противвоздушна одбрана. Според украински извори, голем број дронови се движеле по ниски и променливи рути, со цел да продрат кон западните региони и да ги збунат одбранбените системи.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига порача дека нападите врз цивилна инфраструктура и станбени области се уште еден доказ дека изјавите на Кремљ за можен крај на војната се празни – сѐ додека Русија продолжува да убива цивили и да ја уништува украинската инфраструктура. Тој истовремено соопшти дека Европската Унија официјално го информирала Советот на Европа за намерата да се приклучи кон договорот за Специјалниот трибунал за злосторството агресија против Украина, нагласувајќи дека руското раководство и сите одговорни мора да бидат изведени пред лицето на правдата.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас по состанокот на Советот за надворешни работи изјави дека министрите разговарале со Сибига за Украина, санкциите, одговорноста за руските злосторства и европската перспектива на Украина. Таа порача дека „не може да има праведен и траен мир без одговорност за Русија“ и дека европската иднина на Украина е „инвестиција во сопствената безбедност“ на Европа.

Масовниот напад доаѓа непосредно по завршувањето на тридневното примирје посредувано од САД, кое истече во понеделник. Наместо продолжување на деескалацијата, Русија се врати на масовни удари врз украинските градови и инфраструктура, потврдувајќи дека воената логика на Кремљ останува насочена кон терор врз цивилното население и исцрпување на украинската одбрана.

Џ. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ