• Latest

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

Блокадата на европскиот пат не е случајност, туку систематска политика што се продава како достоинство, а завршува како изолација.

May 13, 2026 14:59
in ЕВРОПСКА УНИЈА, КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала

Во текстот „Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров“ опишав неколку состојби и настани од кои може да се сублимираат главните одлики на политичкото дејствување на Мицкоски и власта. Политиката на Христијан Мицкоски кон Европската Унија не е грешка, неспособност или дипломатско недоразбирање, туку план. А тој план не води кон ЕУ, туку кон контролирана изолација.

Блокадата на европскиот пат на Северна Македонија никако не треба повеќе да се чита како случајност или тактизирање, туку како систематска политика. Декларативната европска реторика служи како фасада, додека суштинските политички сигнали одат во спротивна насока.

Важно е да се промени аголот. Мицкоски не е политичар што „не знае“ како да ја води земјата кон ЕУ, туку е политичар што многу добро знае како да ја држи надвор од неа. Не сакам да коментирам во овој момент за политичките, дипломатските, интелектуалните и професионалните капацитети на владата или на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Овде се работи за стратегија што може да ја спроведе и релативно способна или дури и неспособна структура. Зошто? Затоа што е многу полесно нешто намерно да не се направи отколку намерно да се прави. Имајќи предвид во каква состојба се наоѓа и Европа и светот воопшто, ваквата стратегија е уште полесно да се спроведе.

Изговорот – Бугарија не е валиден. Колку и да е неправедна и злонамерна политиката на официјална Софија, ние веќе речиси четири години сме во фаза во која клучното прашање не е Софија, туку Брисел.

Ова е момент кога земјата треба да докажува европска зрелост, почитување на меѓународните договори и способност да ги затвора споровите. Но премиерот постојано отвора фронтови – не само кон Софија, туку и кон Атина. Така, и една мала комеморација ја претвори во геополитички перформанс: дома го нахрани националистичкиот наратив, кон соседството испрати провокативни пораки, а ЕУ-процесот остана заложник на контролирани тензии.

Ова е можеби најточната формулација на актуелната политичка матрица на власта:

Дома – националистичка мобилизација; надвор – провокација; кон ЕУ – контролирана блокада.

Друг клучен момент е потребата да се расчисти околу бугарско-македонските односи. Тоа е прашање одвоено од европскиот процес. Безброј пати му е кажано на Мицкоски дека прашањето веќе не е (само) Софија, туку Брисел. Не е билатерален спор, туку европска процедура што Северна Македонија веќе ја прифатила. Вклучувањето на бугарската, заедно со други заедници во Уставот, не е подарок за Бугарија, не е понижување и не е капитулација, туку формален услов во процесот на пристапување кон ЕУ. Ако по толку објаснување некој постапува како тоа да не го слушнал, не може да е во прашање капацитет во која било смисла на зборот. Станува збор за одлука да се постапува спротивно на принципите врз кои се заснова процесот.

Токму тука се гледа тежината на политичката манипулација. Ако европската обврска постојано се претставува како бугарски диктат, јавноста се држи во токсична магла. Наместо разговор за исполнување на прифатена рамка, се произведува емоционален наратив за загрозеност, понижување и исчезнување.

Одамна е детектиран и двојниот говор на власта. Во Брисел, македонското политичко раководство зборува со европски речник. Дома, власта се претставува како бранител од „диктат“ и секојдневно произведува историска и националистичка мобилизација, за да се одржува блокадата.

Тоа не е дипломатска вештина. Тоа е обично лицемерие.

Важно е да се предупреди јавноста дека проблемот не е само во лагата, туку во системот што ја спречува расправата. Лажните наративи не мора да победат во аргументирана дебата ако дебатата однапред е задушена. Доволно е тие постојано да се повторуваат како „гордост“ и „пркос“, а секое спротивставување да се прогласи за напад врз нацијата.

Затоа, треба конечно да стане јасно.

Мицкоски не ја промашува Европа. Тој прецизно ја избегнува.

Европските порти се отворени, но власта копа ров пред нив. Брисел не ја затвора вратата, но Мицкоски ја држи државата пред прагот и ѝ објаснува на јавноста дека влегувањето е понижување.

Да заклучиме. Северна Македонија не се оддалечува од ЕУ случајно, туку полека и систематски – со секој говор, секоја полуинформација или тешка лага – сеедно, со секое „достоинство“ што во реалноста значи изолација, сиромаштија и уште една изгубена европска година.

 

Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА


Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ