• Latest

Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

May 8, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

May 8, 2026 12:09
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 1,3 отсто, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. 

Најголем пораст на трошоците е забележан во групата транспорт, каде што цените се зголемиле за значителни 10,1 отсто. Следуваат рекреација, спорт и култура со раст од 1,4 отсто, како и алкохолни пијалаци, тутун и наркотици со зголемување од 1,2 отсто.

Поголеми трошоци за граѓаните се регистрирани и кај храната и безалкохолните пијалаци, кои поскапеле за 0,7 отсто. Раст од 0,6 отсто е забележан кај облека и обувки, лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги, како и кај информациите и комуникациите. Рестораните и услугите за сместување поскапеле за 0,4 отсто, додека домувањето, енергенсите, здравствената заштита и образованието бележат пораст од 0,3 отсто.

Во истиот период е регистрирано и намалување на трошоците во групата покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата, за 0,2 отсто.

Цените во групата осигурување и финансиски услуги останале непроменети во однос на претходниот месец.

Индексот на цените на мало во април 2026 година, споредено со март, изнесува 103,2.

На годишно ниво, трошоците на животот во април 2026 година се зголемени за 5,7 отсто во однос на април 2025 година, додека цените на мало бележат раст од 5,0 отсто.

Б. Ј.


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ