• Latest

Имаме обврска да бидеме солидарни со оние кои се помалку среќни

September 10, 2018

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Имаме обврска да бидеме солидарни со оние кои се помалку среќни

September 10, 2018 12:05
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Џулијан Мишиќ е норвешки музичар, кој во интервју за Цивил медиа раскажува за своето македонско потекло и неговото творештво кое изобилува со политичко и општествено ангажирани текстови. Џулијан секоја година ја посетува Македонија, со цел да ги види своите роднини и создава нови музички проекти со своите македонски колеги.

ЦИВИЛ Медиа: Можете ли да ни кажете нешто повеќе за Вашите песни и текстови. Зошто баш социјални и политички теми?

Мишиќ: Разликата помеѓу Норвешка и Македонија е голема. Јас ја сакам Македонија, доаѓам тука од дете. Од една страна, Норвешка е една од најбогатите земји во светот, и откако правам музика мислам дека таа може да се искористи за пренесување на важни пораки. Во Норвешка музичарите избегнуваат да бидат политички или општествено ангажирани, духовни или религиозни. Јас мислам дека е моја работа да кажам нешто за ситуацијата во светот, преку својата уметничка перспектива.

Во последно време примивме многу мигранти, особено во Скандинавските земји. Шведска имаше големи проблеми со тоа. Тие примија многу повеќе отколку што можат да издржат, а Норвешка прими можеби 10 пати помалку мигранти. Има голема политичка дебата во Норвешка, дали треба да престанеме да ги примаме или да примиме уште, и тоа излезе како дебата во која луѓето ги преувеличуваат работите, на две страни, и нема една чувствителна средина. На една страна се оние толерантните кои сакаат да ги примат сите, а на другата страна се оние што сакаат да застане процесот на примање  мигранти.

Една песна што ја напишав, се вика „Дамаск“, е посветена на мигрантите кои доаѓаат од Сирија, и за Норвешка, која е земјата од „мед и млеко“. Земав една приказна од Библијата, за еден човек кој е на пат кон Дамаск и гледа заслепувачка светлина. Во мојата песна јас велам ние сме земјата од „мед и млеко“, и сега Дамаск доаѓа кај нас. За таа песна имам видео на јутјуб.

ЦИВИЛ Медиа: Која е Вашата одговорност како музичар во општеството?

Мишиќ: Како што реков, има многу прекрасни музичари во светот, кои пеат за љубов и романтика, и тоа е супер, но мислам дека кога веќе ми е даден талентот и можноста да правам музика, сакам да го искористам за да зборувам за работи за кои јас мислам дека се важни, како на пример неправдата во светот, има многу сиромаштија, а има некои кои се многу богати, и Норвешка е една од тие држави. Така што, со тоа што живеам во Норвешка мислам дека е моја одговорност да кажам: „Добро, ние сме богати, но исто така имаме обврска да бидеме солидарни со оние кои се помалку среќни“.

ЦИВИЛ Медиа: На какви проекти работите тука во Македонија? Дали соработувате со македонските музичари?

Мишиќ: Да, соработувам со Доријан Јовановиќ, тој ми е многу близок пријател, и со неговата група String Forces, со него имаме многу блиска некаква работна врска веќе неколку години, и во текот да овие години станавме блиски пријатели. Јас обично снимам во неговото студио, а тој свири на инструменти кои јас сакам да ги користам во мојата музика. Всушност, во јуни тој беше во Норвешка и свиреше на еден од моите концерти во Берген, и тоа беше фантастично искуство. Исто така, соработувам и со Дамјан Темков, кој е композитор, тој го организира мојот жичен квартет, а јас имам мој квартет во Берген кои свират со мене, така да убаво е да имаш добар композитор, кои ги средува тие работи. Исто соработувам и со Добрила, пејачката од Чалгија саунд систем, таа пее на една песна од мојот нов албум.

ЦИВИЛ Медиа: Дали е полесно да се влијае на некаква општествена промена како музичар? Кој е повлијателен? Музичарите или политичарите?

Мишиќ: Не сум многу сигурен во тоа. Не сум многу сигурен дека може да направиме некаква промена, но можеме да зборуваме со луѓе кои веќе го имаат тој став што ние го промовираме, и ќе можеме да ги охрабриме да продолжат да веруваат во тие работи. Можеби нема да можам да го сменам размислувањето на некој кој има спротивно мислење од моето, но можам да ги охрабрам оние на кои размислувањата им се согласуваат со моите, затоа што е тешко понекогаш да веруваш во вистинската работа. Кога живееш во држава која е многу „среќна“, како мене, луѓето стануваат многу его-центрични, тие мислат само за себе, за своето семејство, како да направат повеќе пари, како можеме се обезбедиме себеси со тие работи, но исто така имаш и голем дел на луѓе во Норвешка што се грижат за други и сакаат да помогнат, така што, јас сакам да ги охрабрам тие луѓе.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се Вашите планови за во иднина? Некој нов проект можеби? 

Мишиќ: Само што го издадов мојот последен албум, но веќе снимам нов албум. Мојот нов албум се вика „The Angel’s diaries“, и приказните на половина од песните се земени од стари бајки или фолклор, како на пример Пинокио, или Трите мали прасиња, и јас ги преработувам тие бајки и ги користам како рамка за тоа што јас сакам да кажам политички или духовно во сегашно време. Тоа била секогаш улогата на бајките, да им кажат на луѓето работи за социјалните или политичките работи, како биле некогаш работите во државите, како на пример Германија и Норвешка или Англија. Но бајките се изменија, се комерцијализираа, сега со Дизни, ја изгубија првичната улога.

На крајот, Џулијан раскажува за моќно музичко движење во Норвешка, кои својот проект го започнале пред 10 години, насловен Игра на боите.

„Тоа е организација за танц и пеење, со многу деца и млади луѓе од различни држави, како на пример со мигрантите од Африка, Сомалија, Авганистан, Сирија… Тие ја композираат музиката, ги вметнуваат различните песни од различни страни од светот во едно големо дело, и сега тие се номинирани за Нобелова награда за мир, и сакав да го спомнам ова зошто сум многу среќен за нив, иако јас не сум дел од тоа, ги знам луѓето кои го прават тоа и сум многу горд на нив“, вели Џулијан.

Ангела Петровска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Маја Ивановска
фотографија: Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: интервјумигрантимузикаНорвешкаЏулијан Мишиќ
Share265Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ