В понеделник, 11 мај ќе бидат објавени добитниците на Пулицерова награда за новинарство и уметност откако настанот беше откажан поради пандемијата со новиот корона вирус.
Првично церемонијата требаше да биде одржана на 20 април, но беше одложена, а членовите на одборот имаат повеќе време да одлучат за добитниците.
Доделувањето на Пулицеровата награда традиционално се одржува во мај, но и таа ќе биде одложена, но се уште не е познат датумот.
Пулицерова награда се смета за највисоко признание во областа на новинарство, литературата и музиката, а ја доделува Универзитетот Колумбија во Њујорк.
Наградите се доделуваат секоја година во 21 категорија. Наградените добиваат парична награда, а победникот во категоријата за новинарство добива златен медал.