• Latest
Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Инаугурацијата на Путин бојкотирана од Западот, ја удостоија „специјалните гости“- Стивен Сигал, Патријархот Кирил, чеченскиот сатрап Кадиров и водач на моторџиска банда

May 12, 2024
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Инаугурацијата на Путин бојкотирана од Западот, ја удостоија „специјалните гости“- Стивен Сигал, Патријархот Кирил, чеченскиот сатрап Кадиров и водач на моторџиска банда

May 12, 2024 10:10
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа; Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Петтата инаугурација на Владимир Путин за претседател на Русија која се одржа во вторникот, 7 мај 2024 година, ја одбележа бојкотот од повеќето западни земји кои одбија да учествуваат на церемонијата на инаугурација поради неговата војна во Украина и извештаите за изборна измама поради што тие ја отфрлија изборната победа како оркестрирана за да му обезбеди убедлив резултат.

Седумдесет и едногодишниот Путин ја положи претседателската заклетва на раскошна церемонија во големата палата Кремљ во Москва, на која присуствуваа високи руски политичари други достоинственици. Иако забележително отсутни беа претставници од САД, Велика Британија, Канада и повеќето членки на Европската унија. На церемонијата во Москва не присуствуваше ниту амбасадорот на Северна Македонија во Руската Федерација, Ненад Колев, додека  Украина, што беше за очекување, изјави дека нема да го признае Путин за претседател на Русија. Нивното отсуство се обидоа да го надополнат неколку познати  контроверзни ликови, меѓу кои и поранешната холивудска ѕвезда, Стивен Сигал.

Путин доби можност да се натпреварува на изборите во март, каде што освои над 87 отсто од гласовите, користејќи ја предноста од сплавот уставни реформи во 2020 година, кои, според пишувањето на РФЕ/РЛ, му дадоа право да бара уште два шестгодишни мандати, што значи дека може да остане на функцијата до 2036 година.

Руските избори се строго контролирани од Кремљ и не се ниту слободни ниту фер, но владата ги смета за неопходни за да се пренесе чувство на легитимност. Тие се нарушени со исклучувањето на опозициските кандидати, заплашувањето на гласачите, полнењето гласачки ливчиња и други средства за манипулација.

„Ние секако не ги сметавме тие избори за слободни и фер, но тој е претседател на Русија и ќе продолжи во тоа својство“, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер пред инаугурацијата.

Овие избори беа првите откако Путин ја започна својата војна против соседна Украина во февруари 2022 година, а на двајца антивоени кандидати им беше забрането да се кандидираат против него поради технички прашања, додека во меѓувреме, неговиот најголем политички непријател, Алексеј Навални, почина додека беше во сибирски затвор еден месец пред Русите да излезат на гласање.

„Војна, политички убиства, осиромашување на Русите. Нема просперитет за Русија, нема мир и слобода за нашите граѓани“, рече вдовицата на Навални, Јулија Навалнаја, во објава на социјалните мрежи на 7 мај.

„Нашата земја ја води лажго, крадец и убиец. Но, на ова дефинитивно ќе му дојде крајот, напиша Навалнаја.

Откако започна целосна инвазија на Русија врз Украина, односите меѓу Москва и Западот се влошија на најниско ниво од крајот на Студената војна, при што западните сојузници на Кијив ја дадоа својата поддршка на борбата на Украина за одбивање на убедливо посупериорните руски сили.

„Ние веруваме дека изолацијата на Русија, а особено на нејзиниот криминален лидер, мора да продолжи“, рече министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, објаснувајќи ја одлуката на неговата земја да ја бојкотира церемонијата.

„Учеството во инаугурацијата на Путин не е прифатливо за Литванија. Наш приоритет останува поддршката за Украина и нејзиниот народ кој се бори против руската агресија.

Владимир Путин, кој би можел да го надмине Јосиф Сталин како лидер со најдолг стаж во Русија по Катерина Велика, доколку го заврши овој последен претседателски мандат, го започна петтиот мандат како руски претседател во палатата во Москва пред толпа лица, како што објави Скај њуз, вклучувајќи го и контроверзниот американски актер, Стивен Сигал и водачот на бандата моторџии.

Списокот на странски достоинственици, наводно, вклучувал претставници од неколку европски земји – Франција, Унгарија, Словачка, Малта, Кипар и Грција – кои навестуваат поделеност меѓу западните земји за тоа како да се однесуваат со Путин поради повиците на руската опозиција да го прогласи за нелегитимен, но, омилен гостин на про-Кремљ коментаторите по се изгледа дека беше поранешниот холивудски актер Стивен Сигал, кој стана голем навивач на режимот на Путин. Сигал, кој сега е руски државјанин, како поддржувач и сојузник од Путин доби доби медал – Орден за пријателство, а во 2018 година самиот руски претседател го назначи за специјален пратеник на Русија во САД. Запрашан зошто го поддржува Владимир Путин, Сигал прашањето го нарекува „глупаво“

Иако кружат гласини дека е со нарушено здравје, церемонијата не ја пропушти ниту шефот на Чеченската Република и сојузник на Путин, Рамзан Кадиров, злогласниот владетел со Чеченија, федерална република на Русија, кој од 2007 година добива значителна слобода од Путин во замена за обезбедување на стабилноста на регионот и поддршка на руската воена агресија со испратќањето на илјадници свои борци во Украина.

На церемонијата присуствуваше и водачот на моторџиската банда „Ноќни волци“( каде како водач на македонскиот огранок на мото клубот се јавува директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски кој беше организатор на протестот на превозниците кои во декември 2022 година го парализираа главниот град Скопје), Александар Залдостанов познат како „хирургот“, кој е обвинет од САД за вмешаност во анексијата на Крим.

И секако, неизбежниотг рускиот патријарх Кирил – кој му даде „божествениот благослов“ на Путин нарекувајќи го „Ваше височество“ и изрази надеж дека Путин „ќе владее до крајот на својот живот“.

Владимир Путин во вторникот ја положи заклетвата за петтиот мандат како претседател на Русија, давајќи му „Потемкинова“фасада на легитимитет на процесот во кој тој го промени уставот и спроведе лажни избори за продолжување на неговото четвртвековно владеење за уште шест години.

„Оттука па натаму тоа е повторување и деградација“, напиша политичкиот аналитичар од Лондон Владимир Пастухов.

Честитки на Путин по повод инаугурацијата за претседател на Русија упатија традиционалните руски сојузници: кинеското Министерство за надворешни работи, од каде додадоа дека претседателот Си Џинпинг веќе испратил честитка до Путин за неговиот реизбор истакнувајќи дека кинеско-руските односи останале здрави под стратешкото водство на двајцата водачи; севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун кој испрати порака до рускиот претседател Владимир Путин честитајќи му за почетокот на неговиот петти мандат на функцијата му посака големи успеси во работата за Русија и нејзиниот народ; сирискиот диктатот Башар ал Асад кој честитајќи му ја инаугурацијата на Путин, му посакува добро здравје и изрази уверување дека Русија ќе види поголем напредок, просперитет и раст под водство на Владимир Путин.

Сепак, честитката на која петкратниот руски претседател најмногу и се израдувал била од Родина Македонија, која во своите честитки до Владимир Путин за неговата инаугурација за Претседател на Русиј истакнува дека Родина Македонија посебно ја цени улогата на Русија во создавање на поправеден меѓународен поредок, каде народите ќе живеат слободно.

Токму вашето лидерство во изминатите децении поттикна многу народи да се отргнат од канџите на колонијалното ропство и да тргнат по патот на независноста. Ви посакуваме уште еден успешен мандат и уште посилна Русија, се вели во честитката од Родина Македонија која го трогна старо-новиот руски претседател.


Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: бојкотВладимир Путининаугурација
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ