ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани, своите членови, поддржувачи, активисти да го посетат инфо –штандот на ЦИВИЛ, утре во Скопје, кај кафулето Гарсон, со почеток во 12 часот посветен на промоција европските вредности и интеграции.
Граѓанките и граѓаните заеднички со тимот на ЦИВИЛ, во директна комуникација, ќе имаат можност да ги споделат своите размислувања и ставови во однос на демократските процеси во земјата и да бидат дел од креирањето на јавното мислење на локално и национално ниво.
Освен информативен материјал за проектните активнсоти на „Европа е наш дом“, граѓанките и граѓаните ќе можат да се информираат и за другите компоненти на овој сеопфатен и комплексен проект кој воедно преку промоција на европските вредности и поддршка на евроинтеграциите помага и во борбата против корупцијата, преку јакнење на јавната свест и соработката со релевантните институции во земјата.
Проектот го финансира Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.