• Latest

ИНФОГРАФИК: Пратениците се на потег, оваа недела се гласа Буџетот за заштита на граѓаните од последиците од кризата и раст на економијата

December 18, 2022
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ИНФОГРАФИК: Пратениците се на потег, оваа недела се гласа Буџетот за заштита на граѓаните од последиците од кризата и раст на економијата

December 18, 2022 14:40
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог-буџетот за 2023 година оваа недела треба да биде ставен на пленарна седница пред пратениците во Собранието откако комисијата за финансирање и буџет минатиот понеделник ја заврши амандманската расправа каде беа разгледани поголем дел од амандманите поднесени од опозицијата, кои главно се однесуваа на изградба на регионални и локални патишта и водоснабдителни системи.

Министерството за финансии прифати неколку амандмани, но во видоизменета форма, а дел од предлагачите ги повлекоа своите амандмани, но можни се нови блокади од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ бидејќи и самата расправа на комисјата траеше долго бидејќи тие предложија најголем дел од 263-те амандамани, меѓу кои беше и предлогот за изградба на едно училиште, кое веќе е изградено.

Амандмани имаше и од СДСМ кои бараа да се зголеми сумата за студентскиот оброк од 120 на 160 денари, но и подобрување на условите во студентските домови.

Она што е новина е што Буџетот 2023 е прв од реформирамиот Закон за буџет со кој се најавени крупни промени во управувањето со парите на граѓаните. Поточно и поконкретно, Буџетот 2023 е официјално првиот среднорочен буџет кој ја утврдува рамката за пошироката слика  во која се „насликани“ актуелните и претстојните предизвици за македонската економија, а 2023 е трета година за којашто се креира буџет во услови на глобална економска криза

Во Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година.

Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи, пак, се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година.

За антикризни мерки се издвоени 250 милиони евра

Од Министерствата, убедливо најголем буџет за следната година државата одвојува за Министерството за труд и социјална политика. За ова министерство се планираат над 800 милиони евра, или поточно 868 милиони евра, од кои 499 милиони евра се наменети за трансфер во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, со што се обезбедува достапност на социјални услуги, како и континуиран раст на пензиите согласно новата методологија за нивно усогласување со трошоците на живот и просечната плата.

Од вкупниот буџет за 2023 година за антикризни мерки се издвоени 250 милиони евра, за кои е обезбедена и финансиска помош за пензионерите, но и за ранливите категотии на граѓани.

Со 80 отсто се субвенционира цената на струјата за граѓаните и за 72.000 компании, кои вработуваат најголем дел од од работниците во државата.

Субвенционирана струја, согласно одлуката на Владата се обезбедува и за основните и средните училишта, јавните претпријатија од областа на водостопанството и компаниите од прехранбената идустрија.

Досега 187 компании од прехранбената индустрија склучиле договор за субвенционирана струја, што треба да ги намали цените на основните прехранбени производи до 10 проценти пред се од пекарската, млечната и од месната индустрија.

Колку пари добиваат другите министерства

Меѓу топ три институции со највисоки буџетски средства е и Министерството за образование и наука. МОН согласно податоците во буџетот следната година ќе треба да добие скоро 506 милиони евра.

Во првите пет институции со повисок буџет е Министерство за транспорт и врски, кое следната година ќе имаат на располагање 324 милиони евра.

Следни на листата по буџетските средства се Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи. Притоа МО следната година ќе имаат на располагање скоро 277 милиони евра, додека пак МВР ќе добие 205 милиони евра.

Меѓу институциите кои исто така имаат поголема сума за трошење за следната година е Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој која добива 143 милиони евра за трошење за следната година.

По нив е Министерството за здравство кое за следната година има скоро 112 милиони евра на располагање.

Под ставката Финансирање на дејностите од областа на културата, кои се всушност средства кои ќе ги се трошат од страна на Министерството за култура за следната година на располагање имаат скоро 66 милиони евра, и дополнителна помала сума за самото министерство.

подготви Соња Танеска

Tags: антикризни меркибуџетекономска кризапленарна седницаСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ