Иницијативниот одбор за реформи во ЛДП соопшти дека претседателката Моника Зајкова треба да си даде оставка, а не да ја држи, како што велат, партијата во заложништво.
Повикувајќи се на слабиот одѕив на трибина во ИЕ5 во Битола на која дел од членовите на ЛДП од Битола присуствувале, Иницијативниот одбор и порача на Зајкова дека партијата е поважна од личните интереси.
„Порачуваме наместо да прави заеднички трибини со луѓето со кои до вчера беше политички непријател и да го бламира членството и партијата, да се надмине себе си и да си поднесе оставка“, велат од одборот.
„Напоменав дека, тоа може и јавноста да забележи, не се некои лица кои биле препознатливи по своите програмски определби за либерлно демократската партија. Јас сепак не би им давала толку на значење, би им препорачала само повеќе да излегуваат со предлози кои што одат во насока на решенија за граѓаните, но и во насока за развој на либералната демократија во општеството, а нормално дека сите одлуки партијата ги носи на Централниот одбор“, изјави Зајкова во интервјуто за ЦивилМедиа.
Зајкова додаде дека мнозинството оди ницијаторите „се луѓе кои што ги губат државните привилегии и функции“.
Б. Ј.