• Latest

Инспекторите направиле над 5000 контроли и надзори за седум дена, осум угостителски објекти затворени

April 7, 2021
Фото: ДИК

ВМРО-ДПМНЕ во првиот имаат 32 градоначалници, СДСМ 3, ВЛЕН 5, а НАИ 4; Ѓорѓиевски и Мециновиќ во вториот круг за избор на градоначалник на Скопје

October 20, 2025

Локални избори, прв круг: ЦИВИЛ со прелиминарна оценка во 21 часот

October 19, 2025
Илустрација ВИ

Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто

October 19, 2025

Гласањето заврши без поголеми неправилности, почнува броењето

October 19, 2025
Онлајн прес конференција на ЦИВИЛ во 18 часот, 19 окт. 2025 (фото: Б. Тахири/Фронтлајн)

Прес на ЦИВИЛ во 18 часот: Зголемена активност на партиски активисти, сомнежи за поткуп на гласачи, ЦИВИЛ со остар протест поради попречувањeто на набљудувачите

October 19, 2025
Скриншот од ДИК

ДИК: Излезноста до 17:00 часот на локалните избори изнесува 39,61%, највисока во Вевчани- 61,84 %

October 19, 2025

ЦИВИЛ со порака до избирачките одбори: Важечко е секое гласачко ливче од кое се гледа дека гласачот јасно ја изразил својата волја

October 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Израел го обвини Хамас дека го прекршил примирјето со напади вон договорената линија на повлекување, ИДФ одговори со воздушни напади

October 19, 2025

Втора прес конференција на ЦИВИЛ: Групно гласање, починати лица во избирачки список, непрописно однесување на дел од членови на ИО

October 19, 2025

Излезеноста до 13:00 часот 20,12 отсто, во Скопје 20,07 проценти, најголема во Чашка-40,74 отсто

October 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Инспекторите направиле над 5000 контроли и надзори за седум дена, осум угостителски објекти затворени

April 7, 2021 15:41
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Инспекциските служби во периодот од 29 март од 4 април спровеле вкупно 5.236 надзори и контроли. За констатираните неправилности изречени се решенија, прекршочни пријави и платни налози. Директорката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска апелира до угостителските субјекти и до граѓаните да ги почитуваат новите рестриктивни мерки, а ги охрабрува инспекторите да вршат засилени контроли.

– Ова е период кога сите треба да дадеме максимум во битката со вирусот. Видовме дека овој бран на вирусот е многу поопасен и многу побрзо прогресира и затоа е клучно ограничувањето на бројот на контакти и почитувањето на мерките, рече Филиповска-Грашковска на денешната прес-конференција во Владата.

Во изминатиот седумдневен период од страна на пазарните инспектори извршени се над 4.500 контроли и надзори при што изречени се 34 прекршочни пријави, 91 решение и 43 платни налози.

Вкупно осум угостителски објекти се затворени поради непочитување на протоколот за работа. По два угостителски објекта се од Скопје и Битола и по еден во Гостивар, Тетово, Струга и Куманово.

– Во овие угостителски објекти не се почитувало работното време или бројот на гости, односно ограничувањето на гости на една маса. Во сите овие случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени на лице место, а дополнително се изречени и соодветни прекршочни платни налози, истакна Филиповска-Грашкоска.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во текот на минатата недела извршил 92 контроли при што изречени се 17 решенија. Во овој период, издадени се и 13.957 решенија за изолација на лица кои биле заболени од корона вирусот и на лица кои биле во контакт во заболени.

Инспекторите за труд изрекле 16 решенија од кои девет за непочитување на протоколот за превентивни мерки. Изречени се и пет платни налози за пет вработени кои не носеле заштитна маска. Вкупно овој Инспекторат извршил 341 надзор.

Во областа на транспортот не се констатирани неправилности во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести и протоколите за превоз на патници. Извршени се вкупно 30 надзори, а изречени се две прекршочни пријави и еден прекршочен платен налог кои се однесуваат на непочитување на материјалните закони.

Агенцијата за лекови при извршените контроли не констатирала неправилности, а Агенцијата за храна и ветеринарство од вкупно извршените 220 надзори, издала осум решенија, 15 едукации и две прекршочни платни налози по различен основ.

Државниот инспекторат за животна средина изврши 39 надзори при што за констатираните неправилности издал две решенија во врска со  управување со отпад.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    169 shares
    Share 68 Tweet 42
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ