Categories

САЈБЕР СВЕТ Инстаграм падна, Фејсбук се тресе

Социјалната мрежа Инстаграм престана да работи, а милионите корисници денеска не можат да ја подигнат апликацијата. Проблемите се појавија истовремено со големите технички проблеми со кои се соочува и матичната компанија Фејсбук денеска. WhatsApp, друга голема апликација на компанијата, се чини дека за сега сè уште работи без проблеми.

Корисниците на Инстаграм пријавуваат дека не можат да се најават или да влезат во апликацијата. Наместо тоа, нивните обиди завршуваат со пораките од апликацијата која постојано јавува грешки и не може да се отвори.

Извештаите за прекините беа главно фокусирани во Велика Британија, остатокот од Европа и источното крајбрежје на САД, според онлајн детекторот за откривање на сајбер испади, Down Detector. Но, тоа што остатокот од светот не се соочува со истиот проблем е што едноставно во разликата во временските зони, односно дека тој дел од светот е помалку активен.

Тоа се првичните информации, ни збор дека можеби се работи за сајбер напад. Неодамна, ЦИВИЛ објави поширок напис за неизвесната судбина на интернетот во целост, поради опасноста од DNSpionage, глобални напади врз самата структура на глобалната комуникациска мрежа. Претставниците на компанијата Фејсбук не ја доведоа таа глобална закана во врска со техничките проблеми на своите апликации денеска.

Џ. Д.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватностаПовредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста

Print Friendly, PDF & Email