На 10 февруари на блогот на Инстаграм беше објавено дека ги ажурираат правилата поврзани со говорот на омраза, особено кон приватните пораки. Оваа новина доаѓа откако неодамна беа упатени расистички коментари онлајн насочени кон фудбалери од Велика Британија.
„Бидејќи приватните пораки се за приватни разговори ние не користиме технологија која проаткивно ќе забележува содржина како говор на омраза меѓутоа можеме да направиме чекори за превенција на ваквиот однос“, велат од Инстаграм.
Со ова ажурирање кога некој ќе ги прекрши правилата за што е дозволено да се испраќа во приватните пораки, на неговиот кориснички профил ќе му биде забрането да испраќа пораки одреден период. Доколку овој корисник континуирано испраќа вакви пораки тогаш ќе му биде оневозможен пристапот до неговиот профил. Исто така, ќе бидат исклучени профилите кои ќе бидат создадени со цел заобиколување на новите правила како и оние профили кои се создадени со цел ширење на говор на омраза. Во врска со спроведувањето на овие правила од Инстаграм велат дека ќе соработуваат со властите од Велика Британија.