• Latest

Интересот за вакцинација се зголемува, вакцинирани 100.000 граѓани

May 8, 2021
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Интересот за вакцинација се зголемува, вакцинирани 100.000 граѓани

May 8, 2021 09:21
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Масовната вакцинација на населението продолжи и вчера во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје и во останатите шест регионални пункта низ државата. Според Министерството за здравство, истата се одвива непречено, а интересот за вакцинирање секојдневно се зголемува. Вакцина вчера прими министерот за здравство, Венко Филипче, кој посочи дека одлучиле Владата да биде една од институциите кои ќе се вакцинира непосредно после Собранието, како институција која е битна за функционирањето на државата, за одржувањето на системот и по тој систем сите министри во следните 10-тина до 14 дена добиле веќе свој термин.

Филипче, исто како и премиерот Зоран Заев, кој се вакцинираше ден пред него, на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје, ја прими вакцината против Ковид-19 од кинескиот производител „Синофарм“.

– Денеска ја примив вакцината на „Синофарм“. Буквално сите вакцини се безбедни за употреба. Апелирам сите да се свесни дека вакцините се сигурни, безбедни, дека сите се развиени на безбедни платформи, дека несаканите ефекти се навистина мали, има точни индикации односно контраиндикации за возрасни групи или некои специфични критични категории граѓании кои нема да треба да примат некаква вакцина и ние тоа го влечеме како податок од научните испитувања од производителите, изјави Филипче.

Тој рече дека системот за вакцинација добро се спроведува при што акцент е ставен на сите пријавени на сајтот vakcinacija.mk. со приоритет по возрасна група, и паралелно на тоа, како што вели, еден помал дел оди кон вработените во критичната инфраструктура како што започнаа уште пред неколку недели.

– Како ќе доаѓаат вакцините така ќе бидат распределени за да овие два система што поголем број граѓани добијат вакцина за што пократко време. Во нашата земја вакцинирани се близу 100.000 граѓани. Сметам дека ќе имаме и натаму добра динамика на вакцинирање. Затоа повторно апелирам сите да се пријават на сајтот vakcinacija.mk . Tоа е системот по кој системот „МојТермин“ ќе ги приоретизира категориите граѓани и во соодветно време согласно тајмингот на пријавување граѓаните ќе добијат или смс порака или меил за да се јават во соодветно време и во соодветен пункт за вакцинација, истакна Филипче.

Министерот за здравство, покрај вакцинацијата, вчера изјави и дека Грција би требало да ја отвори границата на 14 мај и да дозволи влез за граѓаните на Република Северна Македонија со негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа, или со потврда за вакцинација против Ковид-19. Како што кажа, овие информации му ги дал грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис, при последниот телефонски разговор што го имале минатата недела.

– Засега не се знае дали Северна Македонија ќе биде во групата земји за чии граѓани ќе биде допуштен влез во Грција и со негативен брз антигенски тест. Филипче рече дека за тоа се чека одлука од грчката Влада.

Од Министерството за здравство споделуваат дека во моментов пријавени преку веб-платформата vakcinacija.mk се над 256.346 граѓани, а на вакциналните пунктови во државата, заклучно со завчера, се вакцинирани вкупно 84.312 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 10.135 граѓани, а вкупно се вакцинирале 12.606 граѓани. Во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 104.962 граѓани, а две дози примиле 20.650 граѓани. Со последните бројки, 28 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk , а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација, покрај во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, се одвива и во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид. Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Според последните податоци на МЗ, вкупно 883 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 847 празни болнички кревети во ковид – центрите. Во претходното деноноќие, имало нови 234 случаи на Ковид-19 од 2.907 направени тестирања. Починати се 25 пациенти, најмладиот на 27 години. Оздравени се 786 лица. Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.694 од направени 734.904 тестирања. Оздравени се 137.331, починати  5.067, а активни случаи има 11.296.

Дел од намалените рестриктивни мерки оваа недела беше намалувањето на времетраењето на полицискиот час кој е во сила од 23 часот навечер до 5 часот наредниот ден, како и продолжувањето на работно време за терасите на угостителските објекти, за дополнителни олабавувања на рестриктивните мерки ќе се одлучува на почетокот на следната недела. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ