Иницијативниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека вонредниот конгрес на партијата закажан за 28 март, ќе се одржи под слоганот „Сплотени во победа“.
Предходно тие побараа ВМРО-ДПМНЕ да ги врати загубените 150.000 гласови од изборите во 2016 до изборите во 2020 година. Денеска пред Музејот на револуционерната борба (Музеј на ВМРО) известија дека се собрани голем дел од потребните потписи од делегатите од валандовскиот конгрес, а таа бројка секојдневно се зголемува.
На Мицкоски му порачаа да се појави на вонредниот когрес и пред 367 делегати кои гласале за него, како и пред оние што не гласале да одговори дали го исполнил ветувањето за обединување на партијата, дали го вратил угледот кај меѓународната заедница и што се случи со победата на парламентарните и претседателските избори што ја ветил пред 3 години.
Б. Ј.