• Latest

Инженери на Македонија: Дали неточниот часовник на броилата е случајност или систематска пракса на ЕВН?

July 2, 2025

ФОБИЈА ИЛИ НАРАТИВ: Зошто некои македонски медиуми не кажуваат дека соборените дронови во Полска се руски

September 11, 2025

Азизи: ДУИ платиле насилници да тепаат млади Албанци и да ја запалат џамијата во Попова Шапка – АА бара истрага од Обвинителството: ВЛЕН си играат со оган и меѓурелигиска омраза

September 11, 2025

РЕАКЦИИ: Обоени таблички – вистинска реформа или забава за народ?

September 11, 2025

Од „бастион“ на ДУИ, до „Чаир на Изет“

September 11, 2025

Ангелов: „Вардариште“ го чува агенција за обезбедување, по изборите Владата и новиот скопски градоначалник ќе се зафатат со трајно решение за депониите

September 11, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против три лица за дивите депонии во „Вардариште“

September 11, 2025

Судскиот совет нема да постапува за време на локалните избори

September 11, 2025

Фетаи ќе раководи со новоформираниот Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

September 11, 2025

Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12 октомври, ќе важат и за македонските државјани

September 11, 2025
фото: Државен инспекторат за животна средина

Дождот не го запре чадењето од Дрисла, пожарот ќе се затрупува со земја

September 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Инженери на Македонија: Дали неточниот часовник на броилата е случајност или систематска пракса на ЕВН?

July 2, 2025 08:49
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Соочени сме со сериозни сомнежи во точноста на мерењето на потрошувачката на електрична енергија, и алармираме за појава која може да прерасне во скандал од јавен интерес, посочуваат од неформалната група Инженери на Македонија.

Наш сограѓанин побара помош од нас бидејќи најпрво имал визуелно недостапно броило, а кога по неколку години му е овозможен визуелен пристап до струјомерот забележал дека истото има отстапување од цели два часа во синхронизацијата со реалното време, велат од Инженери на Македонија.

Од неформалната група порачуваат дека ваквото отстапување директно влијае врз пресметката на потрошувачката, особено на разликата помеѓу високата и ниската тарифа. Ако вградениот часовник е неточен, апаратите во домаќинството можат да работат во скапа тарифа и тогаш кога корисникот мисли дека е евтина и на тој начин сметките стануваат неоправдано повисоки.

Ова отвора сериозна дилема: Дали намерно се оневозможува визуелен пристап до броилата со нивно поставување во заклучени ормани и нивно физичко поместување така што екраните не се видливи? Ако потрошувачите не можат сами да проверат што покажува броилото, како можат да знаат дали плаќаат правично?

Според новиот Закон за енергетика, член 164 став (1) точка 19, операторот ЕВН е должен да овозможи визуелен пристап до мерните уреди. За прекршување на оваа обврска, член 286 предвидува глоба од 1.000 до 3.000 евра. Сметаме дека е време оваа одредба да почне да се применува.

Дополнително, според европскиот стандард за Општи барања за софтверски контролирани мерни инструменти (OIML D31:2023), секое електронско броило мора да има точно и синхронизирано време и токму тоа време е основа за поделбата меѓу скапа и евтина тарифа, за архивирање, билансирање и анализа на потрошувачката. Ако тоа е неточно, тогаш сите последователни мерења се доведуваат во прашање.

Апелираме до сите потрошувачи да го проверат времето на своето броило и да забележат дали тоа се совпаѓа со реалното време. Ако не, фотографирајте го дисплејот со точен датум и час и поднесете претставка до ЕВН, Регулаторната комисија за енергетика, и пријава до Државниот инспекторат за енергетика и Државниот пазарен инспекторат.

Проблемот не е само технички, туку и правен. Доколку овие отстапувања се покажат како системски, ќе мора да се бара колективна ревизија на фактурите, обештетување на граѓаните и одговорност од сите вклучени институции.

Точната сметка не е привилегија туку e законско и потрошувачко право, се наведува во дописот од Инженери на Македонија.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ