• Latest

Инженери на Македонија: Се отвораат ли врати за скриени интереси со штотуку донесените измени на Законот за енергетика, дали се прави простор за привилегирани инвеститори?

July 7, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Инженери на Македонија: Се отвораат ли врати за скриени интереси со штотуку донесените измени на Законот за енергетика, дали се прави простор за привилегирани инвеститори?

July 7, 2025 09:19
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од неформалната група Инженери на Република Македонија, поставуваат дилема за усвоените измени на новиот Закон за енергетика, за кој велат дека се во насока на поволни услови за изградба на енергетски објекти, односно, како што пишуваат – за да се протуркаат веќе подготвени проекти пред да стапат на сила построгите технички критериуми.

Дописот од неформалната група Инженери на Република Македонија ви го претставуваме во целост:

„На 55та седница на Собранието во тишина се усвоени измените на новиот Закон за енергетика, со кои се наговестува сериозен ризик од фаворизирање на поединечни инвеститори на сметка на јавниот интерес и транспарентноста.

Главната дилема што произлегува од измените е: Дали се менува законот за да се овозможи побрзо и поефикасно инвестирање, или измените се за да се протуркаат веќе подготвени проекти пред да стапат на сила построгите технички критериуми предвидени со Законот за енергетика?

Во неколку членови се воведуваат формулации што го поедноставуваат процесот на изградба на енергетски објекти, така што наместо класично одобрение за градење, сега ќе биде доволно и „решение за поставување на опрема“. Истовремено, обврската за инсталирање на складишта за електрична енергија која е клучна за балансирање на мрежата, поради евидентните испади изминатите денови, се укинува за одредени категории на производители.

Најконтроверзна е одредбата со која техничкото ограничување за приклучување на нови електроцентрали на дистрибутивниот систем (лимит од 80% од капацитет на трафостаници и максимум 10 MW по објект) ќе почне да важи дури осум месеци по влегувањето на законот во сила. Со тоа, на постоечките актери кои се блиску до финализирање на постапките им се овозможува прозорец за влез во системот без конкуренција и без дополнителни услови.

Ваквите промени се типичен сигнал за т.н. “законски скроени поправки” кои се носат за конкретни повластени компании, или групации кои веќе имале подготвена документација и точно знаеле за ваквите законски олеснувања. Ова може да претставува сигнал за реакција кај Државната комисија за спречување на корупција

Доколку ваквите измени останат без институционален надзор и ревизија, се поставува прашањето: колку новиот Закон за енергетика, усвоен пред само неколку месеци со 61 амандман, навистина е темел за правичен и одржлив развој и колку е само легален инструмент за старите играчи?

Измените најмногу одат во прилог на инвеститори што се веќе „во игра“ и имаат документи блиску до поднесување. Најголемите губитници се малите и нови инвеститори, како и граѓаните кои не добиваат ништо во делот на учество, транспарентност или заштита.“, велат од Инженери на Македонија.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ