• Latest
Фото: МИА

Инженери на Република Македонија: Ниту една државна институција нема увид во конфигурациските параметри на броилата

June 16, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Колку нашата држава е спремна да се справи со пожарите?

July 7, 2025
Азербејџански војници. Фото: Министерство за одбрана на Азербејџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензиите со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025
Фотографија: Скриншот - Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (faz.net)

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Концертот на Томпсон во Загреб – рехабилитација на усташкиот режим пред половина милион луѓе

July 7, 2025
Фото: Wikimedia commons

Јулска сесија на Европарламентот, на агендата и Извештајот на Вајц за земјава

July 7, 2025
80 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo: Screenshot Sky Tv

Во поплавите во Тексас загинаа најмалку 80 луѓе, меѓу кои 28 деца

July 7, 2025

(ГРАЃАНСКИ ФОРУМ) РЕАКЦИИ: Да се воведе данок на глупост за да се пополни буџетот, да се изгласаат уставните измени или да си одат – им порачаа граѓаните на властите

July 7, 2025
Фото: ДЗС

Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Израел изврши напади врз цели на Хутите во Јемен, први по прекинот на огнот меѓу Израел и Иран

July 7, 2025
Фото: News Coverage  / Инстаграм

Украина спроведe една од најоддалечените операции на саботажа на руската воена инфраструктура во близина на Владивосток

July 7, 2025
фото: ДЗС

ДЗС: Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје – Блаце

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Инженери на Република Македонија: Ниту една државна институција нема увид во конфигурациските параметри на броилата

Неопходно е да се создаде транспарентен, технички прецизен и независен систем за мерење на електрична енергија, достапен за сите граѓани. Секој потрошувач заслужува точно броило и право на проверка на неговата точност за да не биде нарушена довербата во мерењето на електричната енергија.

June 16, 2025 10:23
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

ЕВН истовремено ги извршува сите клучни улоги. Тој е оператор на дистрибутивниот систем, поставувач на броилата и нивен верификатор преку сопствено акредитирано тело.

Државните институции немаат ниту пристап ниту контрола врз софтверските конфигурации на броилата кои директно влијаат на мерењето и фактурирањето на потрошувачката на електрична енергија, посочуваат од  неформалната група Инженери на Република Македонија.

„Иако министерката за енергетика Сања Божиновска уште на 23 февруари годинава при посетата на Бирото за метрологија најави итно активирање на државната лабораториска опрема за проверка на електричните броила, во реалноста таа опрема сѐ уште не е ставена во функција. За време на посетата, таа изјави дека „ерата на високи сметки и неточни броила заминува во историја“ и дека опремата „веднаш“ треба да се активира. Со тоа истовремено призна дека државата располага со современ систем за тестирање кој седум години не се користел поради „нечија неажурност или други причини“.

И покрај јавното ветување на министерката, конкретни чекори не беа преземени сè до моментот на нашата реакција на 4 јуни 2025 година кога поднесовме Барање за информации од јавен карактер до Бирото за метрологија, а за кое одговор добивме на 13 јуни. Во Одговорот се потврдува дека опремата сеуште не е ставена во функција, дека граѓаните немаат можност самостојно да поднесат барање за проверка на сопственото броило и дека Бирото не води евиденција за типовите на вградените броила, ниту пак води евиденција за бројот на евентуални поплаки или утврдени отстапувања.

Интересно е што јавната набавка 10614/2025 „Услуга за инсталација и обука на ZERA МТ310-5 (трифазен систем за тестирање на електрични броила) дизајниран за високопрецизно тестирање на енергетски броила вклучително и паметни броила, во согласност со стандардите за калибрација“ е објавена на 12 јуни, што е само неколку дена после нашето испратеното барање. Ова е првиот институционален потег кој е преземен четири месеци после најавата на министерката и нејзиното ветување дадено во февруари.

Одговорот од Бирото откри сериозни системски недостатоци, меѓу кои најзначаен е фактот што граѓаните немаат директен пристап до независна државна проверка на своето броило, туку мораат да поднесат барање до ЕВН, која самата одлучува дали и како ќе спроведе верификација. Исто така, не постои јавен регистар на моделите и техничките параметри на броилата што се користат во домаќинствата, ниту пак се води статистика за поплаките од корисниците.

Со тоа, сите клучни механизми на контролата на електронските броила што директно влијаат врз точноста на сметките на граѓаните и стопанството, остануваат исклучиво во рацете на операторот ЕВН, додека државните и независни институции, вклучително и Бирото за метрологија, немаат пристап, увид или контрола врз нивната конфигурација, техничките параметри или дневните модификации. Ова е целосно отсуство на институционален надзор, увид и контрола врз најважната компонента во системот за наплата на електрична енергија – електронските броила, велат од групата.

„Во одговорот на нашето прашање: „Кога Бирото последен пат извршило инспекциски надзор над лабораторијата на ЕВН?“, беше наведено дека „Телото за инспекција на броила е акредитирано од Институтот за акредитација“ (сертификат ИТ‑068).

Оттаму сфативме дека таа акредитација опфаќа исклучиво физичка и техничка верификација на точноста на броилата, во согласност со МКС EN ISO/IEC 17020:2012 (тип B) и стандардите за прва, периодична и вонредна верификација. Меѓутоа, бидејќи најчесто користените модели Iskraemeco MT174 овозможуваат софтверска конфигурација на множител, тарифен профил, фазност и CT/VT однос (параметри што директно влијаат на начинот на пресметувањето на потрошувачката) во сертификатот не се споменува ниту една одговорност за проверка или увид во овие софтверски поставки.

Така ЕВН преку своето акредитирано тело врши верификација без никаква независна контрола на конфигурациските параметри, а државните и други автономни институции немаат пристап до евиденцијата на тие промени, ниту можност активно да контролираат дали уредите се конфигурирани точно и фер.

Поради ова, поднесовме формално барање за информации од јавен карактер до ЕВН Македонија, со цел да ни достават детали за техничките можности на конфигурирање на моделот Iskra MT174-D1A54-M3KO, како и за другите smart броила за кои знаеме дека се користат кај домаќинствата и стопанството и да ни појаснат дали овие уреди поседуваат можност за интервенции на множител, тарифни распореди, фазност и CT/VT односи, и дали тие логови се достапни и за државен надзор и кој е надлежен за проверка на софтверските поставки што директно влијаат на точноста на фактурирањето.

Во барањето јасно нагласивме дека не прашуваме дали се изведуваат конкретни промени, туку дали тие технички можности постојат и дали се поддржани од софтверските и хардверските карактеристики на броилата, со цел да ги разбереме ризиците од потенцијални манипулации што директно влијаат врз точноста на фактурирањето.

Можеме да заклучиме дека очигледна е потребата од итни реформи кои ќе обезбедат вистинска независност и транспарентност во системот за мерење на електрична енергија. Потребен е јавен регистар на броила, пристап за потрошувачите до проверка на точноста на своето броило и обврска за државните институции да имаат увид во конфигурациските логови. Денес, системот е целосно во рацете на приватниот оператор ЕВН, без државен надзор, без техничка отчетност и без механизми за заштита на граѓаните.

Одговорите што ги добивме потврдуваат дека, и покрај бројните најави за итност, ништо не се случи сѐ до формалната реакција на граѓаните. Наместо институционална одговорност, реформите се активираат единствено под притисок на освестени граѓани. Опремата остана неактивирана, контролата на броилата – недостапна, а ветувањата – неисполнети. Потрошувачите не можат да побараат независна проверка, а контролата врз мерењето и конфигурацијата на софтверот останува исклучиво во рацете на ЕВН.

Неопходно е да се создаде транспарентен, технички прецизен и независен систем за мерење на електрична енергија, достапен за сите граѓани. Секој потрошувач заслужува точно броило и право на проверка на неговата точност за да не биде нарушена довербата во мерењето на електричната енергија.“, порачуваат од неформалната група Инженери на Република Македонија.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ