• Latest

Иран поставува камери на јавни места за да ги идентификува жените без хиџаб

April 8, 2023

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Иран поставува камери на јавни места за да ги идентификува жените без хиџаб

April 8, 2023 13:40
in ВЕСТИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Во нов обид за сузбивање на зголемениот број жени кои не го почитуваат задолжителниот кодекс на облекување, иранските власти поставуваат камери на јавни места и патишта за да ги идентификуваат и казнуваат жените кои не носат хиџаб, соопшти денеска локалната полиција.

Откако ќе бидат идентификувани, тие ќе добијат „СМС пораки со предупредување за последиците“, соопшти полицијата.

Целта на оваа мерка е „да се спречи отпорот против законот за хиџаб“, се вели во соопштението за печатот што го објавија државните медиуми, додавајќи дека „таквиот отпор ја оцрнува духовноста на земјата и шири несигурност“, пишува Ројтерс.

Сè повеќе Иранки не носат хиџаб по смртта на 22-годишна Курдка во притвор на моралната полиција минатиот септември. Махса Амини беше приведена поради наводно кршење на правилата за носење хиџаб.

Безбедносните сили насилно го задушија бунтот, но сè уште може да се видат жени без хиџаб во трговските центри, рестораните, продавниците и на улиците низ Иран, ризикувајќи да бидат уапсени.

На социјалните мрежи се објавуваат видеа од жени кои се спротивставуваат на иранската морална полиција.

Во соопштението, полицијата ги повика сопствениците на бизниси „строго да го следат почитувањето на општествените норми преку нивните редовни инспекции“.

Според исламскиот шеријатски закон, наметнат по револуцијата во 1979 година, жените во Иран мора да ја покриваат косата и да носат долга, широка облека за да ги покријат своите фигури. Во спротивно, им се заканува јавна опомена, парична казна или апсење.

Опишувајќи го хиџабот како „еден од цивилизациските основи на иранската нација“ и „еден од практичните принципи на Исламската република“, во соопштението на Министерството за внатрешни работи од 30 март се посочува дека нема да има отстапки по ова прашање.

Министерството ги повика граѓаните да се соочат со жените кои не носат хиџаб. Ваквите упатства во минатото ги охрабруваа тврдокорните да ги напаѓаат жените. Минатата недела беше објавено видео од маж како фрла јогурт на две жени без хиџаб во маркет.

Г. Т.

Tags: жениИранказнувањекамериснимкиХиџаб
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ